Vive Cosmos е првиот VR уред во новата година (ВИДЕО)

во категоријата Технологија

Иако минатата година немаше многу активности на полето на VR технологијата, се чини дека оваа година на тоа поле ќе биде поживо од било кога.
Во тек е CES (Consumer Electronics Show) саемот, најголемиот хардверски фестивал на светот, на кој HTC го претстави својот најновиот VR уред – Vive Cosmos.
Иако, освен тизер најавата, се уште немаме премногу конкретни детали, изгледа дека фокусот е на тоа овој уред да биде лесен и едноставен за користење и дека пред се е направен да биде комфорен и пренослив.
Тоа во трејлерот е и назначено со покажување на мобилниот телефон, па останува нејасно дали овој уред воопшто може да работи со класичните PC VR наслови, или е направен исклучиво за употреба со телефоните.
Минатата година, HTC ја отвори со Vive PRO верзијата, која чини околу 800 долари и која е наменета за корисниците кои бараат повеќе, па многу веројатно е дека ова ќе биде некој вид на лајт варијанта, за корисници кои сакаат да уживаат во VR доживувањата и на своите паметни телефони.

За разлика од сите досегашни VR уреди на пазарот, ова ќе првиот кој нема да има процесорска единица, односно дел кој се наоѓа помеѓу VR кацигата и уредот, и кој се користи за играње, туку кацигата директно се прицврстува на уредот.
Тоа е уште еден повод за размислување на темата дека главниот фокус тука е на мобилните телефони и дека нема да може да се користи за посериозни VR игри.
 

Извор: https://usb.mk/