Вештакот за „Ласкарци“ не оздраве за денешното рочиште

February 9, 2023
2 mins read

За одложувањето на рочиштето странките веќе беа известени, па денеска во судот се појавија само новинарите

Станува збор за вештакот Зеќирија Зеќири, кого обвинителот од ОЈО Скопје, Дарко Јакимовски, го избра да одговара на неговите прашања. Тој го испитуваше на две претходни рочишта и на минатото требаше да премине, како што најави, кон финалните поенти со прашањата. Јакимовски тогаш не се согласи да испитува некој од другите вештаци од тимот

Вештакот Зеќирија Зеќири, кој е дел од тимот на четворица инженери што го направија машинското супервештачење за автобуската несреќа кај Ласкарци, не оздрави, па и денешното судското рочиште нема да се одржи.

Местото на несреќата на автопатот Скопје – Тетово во која загинаа 16 патници, а 37 беа повредени/Фото: Архива

За одложувањето странките веќе беа известени, па денеска во судот се појавија само новинарите.

Вештакот Зеќирија, без да најави, не се појави на рочиштето пред два дена, а неговите колеги од тимот го известија судот дека има нарушена здравствена состојба и дека за тој ден имал упат за болнички испитувања.

Судијката Дијана Груевска-Илиевска тогаш најави дека ќе бара писмени докази, односно да медицинска документација за да го оправда отсуството.

Станува збор за вештак кој обвинителот од ОЈО Скопје, Дарко Јакимовски, го избра да одговара на неговите прашања. Тој го испитуваше на две претходни рочишта и на минатото требаше да премине, како што најави, кон финалните поенти со прашањата. Јакимовски тогаш не се согласи да испитува некој од другите вештаци од тимот.

„Никогаш не сум бил причина за одолговлекување и одложување на рочиште. Меѓутоа, коректно е тој лично да ве извести како суд. Имам основана причина да се сомневам дека ова е договорена работа, другите вештаци да се тука, а тој да не е тука“,

рече обвинителот Јакимовски на рочиштето пред два дена.

Судијката тогаш посочи дека ќе се почека вештакот да оздрави и дека доколку тоа не се случи до денеска, ќе се одложи и денешното рочиштето. Меѓутоа, доколку и на следното рочиште наредната недела тој не се појави, судењето ќе продолжи со испитување на некој друг од тимот вештаци.

Автобуската несреќа за која се однесува овој судски процес се случи на 13 февруари 2019 година и во неа загинаа 16 патници, а 37 беа повредени. Во попладневните часови кобниот ден, автобус на компанијата „Дурмо турс“ излета од автопатот во близина на селото Ласкарци возејќи на редовна линија од Скопје кон Гостивар.

Обвинети во овој судски процес се шест лица: возачот Маноил Трифуновски, сопственикот на „Дурмо турс“ Дурмиш Белули и одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари, како и тројца вработени во станицата за технички преглед. Првите тројца се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека останатите за соучество во истото дело.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:

Тензично рочиште за „Ласкарци“: Супервештачењето нарачано од судот ја префрла вината кај возачот

Супервештачењето за „Ласкарци“ за обвинителот занемарило важни докази, за оштетените е пропаднат обид да одговара само возачот

Сите за правично судење“: Тимското испитување на супервештаците за „Ласкарци“ е спротивно на ЗКП

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Црквата на Англија размислува за родово-неутрален Бог

Следно

Ердоган: Бројот на жртви од силните земјотреси се искачи на 14.014

Latest from Blog

Кој е Моџтаба Хамнеи, новиот врховен лидер на Иран? Со години живеел „под радарот“

Моџтаба Хамнеи е потврден како нов Врховен водач на Иран – само трет во историјата на Исламската Република. Наследникот на убиениот ајатолах има 56 години го наследува својот татко, ајатолахот Али Хамнеи,

Муцунски ги пречека патниците од Дубаи: Најбитна е безбедноста на граѓаните, до крајот на неделава сите што побарале евакуација треба да бидат во државава

Вкупно 151 патник пристигна вечерва на скопскиот аеродром  од Обединетите Арапски Емирати со лет на „Флај Дубаи”. Повеќето се македонски државјани, еден е од Црна Гора, еден од БиХ, еден од Србија,

Пристигна авионот од Дубаи со првата група евакуирани македонски државјани

На Меѓународниот аеродром Скопје пристигна авионот од Дубаи со првата група евакуирани македонски државјани. Патниците ги пречека министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Со овој организиран лет од Обединетите

Од пораз до победа: Столе и Валенсија со два гола во судиско продолжение до победа!

фото: Valencia CF (X) По голема борба до самиот крај, Столе Димитриевски и неговата Валенсија од пораз, стигнаа до победа во судиското надополнување на домашен терен во исклучително важниот натпревар со Алавес
Go toTop