ТВ 24: Mакедонија нема претставник во Париз – се расипал владиниот авион

December 7, 2024
1 min read

Во присуство на светска политичка елита, париската катедрала Нотр Дам вечерва повторно ги отвори вратите отако беше  обновена по разорниот пожар пред пет и пол години. Гостин е и американскиот претсдател Доналд Трамп. Меѓу присутните е и мултимилијадерот Илон Маск. Во Париз е и укранскиот престдател Зеленски. Гости на оваа спектакуларна париска вечер се државници од 50 земји.

Вечерва францускиот претседател Макрон заедно со сопругата, лично ги пречекаа гостите од  сите страни на светот. Средно-вековната катедрала стара 860 години, симбол и на Франција и на Париз, е реставрирана, со нова кула и плафон.

Инаку, доаѓањето на Трамп во Париз, е негово прво патување во странсто по победата на изборите и негово враќање на меѓународната сцена. Церемонијата се оценува дека ќе биде можност државниците да слушнат од Трамп какви се неговите намери на светската политичка сцена.

Македонија нема преставник на оваа важна политичка ноќ во Париз – се расипал владиниот авион. Од кабинетот на претседателката Гордана Силјановска Давкова за ТВ 24 велат дека претдателката добила покана и било потврдено незиното присуство. Заминувањето требало да биде вчера, но не се оставрило бидејќи владионот авион Лир џет 60 се расипал. Кабинетот на престдателката го информирал кабинетот на Макрон за причините за отсуството.

 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган: Туркије нема аспирации на ниту едно камче на друга земја

Следно

Сиљановска Давкова не замина на отворањето на Нотр Дам, ова е причината

Latest from Blog

Мерц со предупредување: Веќе не постои светскиот поредок заснован на право и правила

Тој на отворањето на Минхенската безбедносна конференција рече дека Конференцијата отсекогаш била „сеизмограф на политичката ситуација“ и додаде дека во последните години сме сведоци на зголемени тензии и конфликти во светот, вклучително

Петрушевски: Договорот со САД за реципрочна трговија ја подобрува економијата на државата и ја унапредува нашата меѓународна позиција

„Многу голем успех на нашата Влада и дипломатија пред се. После оној стратешки договор што го потпишавме со Обединетото Кралство, ова е втор сериозен договор на повидок којшто огромен бенефит ќе има

Следниот круг преговори за војната во Украина ќе се одржи на 17 и 18 февруари во Женева

Во меѓувреме, советникот на украинскиот претседател за комуникации, Дмитро Литвин, изјави дека следниот круг преговори со Русија и САД ќе се одржат на 17 и 18 февруари во Женева. Преговорите во Женева
Go toTop