Турските сили неутрализираа висок терорист на ПКК во Сирија

December 2, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Турската национална разузнавачка агенција (МИТ) неутрализира висок терорист на ПКК во операција во Тел Рифат, Сирија, соопштија денес безбедносни извори, јавува Анадолу.

Јашар Чекик, со кодно име Јашар Хакќари, кој се приклучил на терористичката организација во 1993 година, го организираше нападот на жандармеријата Хантепе во подрачјето на Чукурџа во источната турска област Хакќари во 2010 година. Во нападот загинаа шест војници.

Исто така, откриено е дека тој планирал и наредил терористички напади во 2011 година врз подрачјето на базата Кекликтепе што припаѓа на Командата на жандармеријата во Чукурџа и Командата на Првиот механизиран пешадиски баталјон во Чукурџа, каде што загинаа 24 војници, а еден беше повреден.

МИТ понатаму откри дека Чекик, кој се наоѓаше на црвената листа на барани терористи на турското Министерство за внатрешни работи и беше баран со црвена потерница од Интерпол за извршување терористички напади против безбедносните сили во Туркије, Ирак и Сирија, ги продолжил своите терористички активности во сирискиот регион Шехба.

Во својата 40-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, којашто е наведена како терористичка организација од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Слот: Против Сити одигравме речиси совршено

Следно

Во Маврови Анови наврна 61 сантиметри снег, а најстудено утрово на Попова Шапка – 3 степени

Latest from Blog

Ганиу и Герасимовски ќе се тркаат за нов мандат, Ѓорѓиевски ќе се бори за Скопје

Вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 гостуваат градоначалниците на општините Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, на Чаир Висар Ганиу и на Центар, Горан Герасимовски. Ги прашавме за локалните избори, а нивните

Меморандум за соработка меѓу АТС Груп и турската МКЕ кој вклучува отворање на фабрика за производство на барут во земја

Единствената македонска компанија од одбранбената индустрија АТС Груп, попладнево потпиша Меморандум за соработка со  МКЕ – најголемата државна компанија од индустријата на Турција, кој опфаќа отворање на нова фабрика за производство на

Објавени се кои фудбалери се најплатени во Европа

Францускиот „Л’Екип“ направи истражување за најплатени фудбалери во најдобрите пет лиги во Европа, а на врвот се наоѓа напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе. Најголема месечна бруто плата во топ-5 лигите има

Американскиот државен секретар Рубио го брани одземањето на визата на турската докторантка поради критиките за Израел

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес го потврди укинувањето на визата на турската студентка Румејса Озтурк и го бранеше нејзиното апсење поради нејзиниот напис во кој го критикува Израел, јавува Анадолу. „Ја

Претседателот на ФФМ Омерагиќ за ТВ21: Нема поголем Албанец или Македонец од мене!

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ за ТВ21 зборуваше за моменталната ситуација во фудбалот. На прашањето дали Дрилон Ганиу не е повеќе генерален секретар на федерацијата поради етничка причина, тој одговори дека во
Go toTop