Турската лира падна близу историски најниското ниво по победата на Ердоган

1 min read

Утринава еден американски долар на пазарите се продава за 20,05 турски лири, додека негативен рекорд е забележан во петокот, кога доларот се продаваше за 20,06 лири, јавува Танјуг, повикувајќи се на Ројтерс

Турската лира падна на речиси историски најниско ниво во однос на американскиот долар по победата на Реџеп Таип Ердоган во вториот круг од претседателските избори во Турција.

Утринава еден американски долар на пазарите се продава за 20,05 турски лири, додека негативен рекорд е забележан во петокот, кога доларот се продаваше за 20,06 лири, јавува Танјуг, повикувајќи се на Ројтерс.

Турската валута изгуби повеќе од шест отсто од својата вредност од почетокот на 2023 година, а нејзината вредност падна за повеќе од 90 отсто во последните десет години.

„Победата на Ердоган не им нуди сигурност на странските инвеститори“,

вели Хаснаин Малик, експерт во Телимер.

Тој смета дека има мали шанси претседателот на Турција по изборите да се врати на стандардната економска политика.

Високата инфлација – горлив проблем на Турција

Во текот на изминатите две години, Централната банка на Турција постепено ја намали референтната каматна стапка, од 19,0 отсто на сегашните 8,5 отсто.

Инфлацијата во Турција, според државната статистичка агенција Туркстат, во април изнесувала 43,68 отсто.

Ердоган во својот говор по изборната победа рече дека високата инфлација е горлив проблем во земјата и дека таа ќе падне, но економските аналитичари се уште се скептични.

Волфанго Пиколи, копретседател на консултантската фирма Тенео, оценува дека новата турска влада нема да преземе целосно стандардни економски мерки, туку донекаде ќе го коригира сегашниот пристап.

Реџеп Таип Ердоган победи во вториот круг од претседателските избори во Турција со 52,14 отсто од гласовите, ги објави официјалните резултати претседателот на Високата изборна комисија Ахмет Јенер.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Кина му честиташе на Ердоган за неговиот повторен избор на функцијата претседател

Следно

Dëmtim të pronës nga përmbytja, vjedhja ose zjarri, apo investim në sigurimin e shtëpisë. Çfarë do të zgjidhni?

Latest from Blog