Туркије: Продолжува лекувањето на 1.214 жртви од земјотресот донесени во Истанбул

1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Околу 1.214 лица кои беа повредени во смртоносните земјотреси што ја потресоа јужна Туркије пред две недели се на лекување во болниците низ Истанбул, јавува Анадолу.

Околу 10.867 жртви од земјотресот беа донесени во Истанбул со авиони на Турските вооружени сили и турското Министерство за здравство. Вкупно 9.653 од нив биле отпуштени по лекувањето во областа.

Повеќе од 41.000 луѓе загинаа, а над 108.000 се повредени во двата силни земјотреси што ја потресоа јужна Туркије на 6 февруари, покажуваат најновите официјални податоци. Во новиот земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала, што се случи вчера во Самандаг, Хатај, загинаа најмалку шест лица.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Традицијата продолжува: Карневал за Прочка во Љубанци

Следно

Спасувачите од САД го пофалија гостопримството на турскиот народ дури и за време на акциите по разорните земјотреси

Latest from Blog