ЦИА ги кани Русите да ја кодошат татковината

1 min read

Американската разузнавачка агенција, на својот Јутјуб канал и на Телеграм кој е популарен во Русија, објави видео во кое ги охрабрува Русите да ја предадат својата земја, односно да ги контактираат и да им даваат информации за состојбата.

Краткото видео на ЦИА на руски јазик е придружено со текст во кој се вели дека агенцијата сака да стапи во контакт со воени офицери, специјалисти за разузнавање, дипломати, научници и луѓе со информации за руската економија и нејзиното раководство.

„Контактирајте нè. Можеби луѓето околу вас не сакаат да ја слушнат вистината, но ние сакаме,“ се порачува во видеото.

Објавено 15 месеци од започнувањето на војната во Украина, видеото ги кани Русите да преземат огромен ризик. Минатиот месец, руската Дума ги заостри казните за предавство на државата; минималецот е 20 години затвор а може да се добие и доживотна робија.

Текстот кој го следи видеото ги упатува заинтересираните да контактираат со ЦИА преку онлајн платформата за комуникации Тор и нуди линк до упатство зза користење на Тор.  

ИЗВОР: off.net.mk

Претходно

Барселона постигна вербален договор со Гундоган

Следно

Ретро слатки задоволства: Со што се засладуваа во поранешна Југославија?

Latest from Blog