Српското МВР го потврди апсењето на новинарот за куклата со ликот на Вучиќ: Осомничен е за повикување на насилна промена на уставниот поредок 

2 mins read

На осомничениот, како што се наведува во соопштениот на Министерството за внатрешни работи на Србија, му е одреден 48 притвор и тој со кривична пријава ќе биде изведен пред надлежното обвинителство

Познатиот српски новинар Бошко Савковиќ денеска беше приведен под сомнение дека тој ја носел куклата со ликот на претседателот Александар Вучиќ која виси на бесилка на вчерашниот масовен протест „Србија против насилството“

Српското Министерство за внатрешни работи соопшти дека во Белград уапсило лице со иницијали Б.С. на возраст од 61 година поради сомнение дека сторило кривично дело повикување на насилна промена на уставниот поредок, јави Н1.  

Уапсениот спрски новинар Бошко Савковиќ/Фото: Н1

Иницијалите на уапсениот се идентични со оние на познатиот српски новинар Бошко Савковиќ кој денеска беше приведен под сомнение дека тој ја носел куклата со ликот на претседателот Александар Вучиќ која виси на бесилка на вчерашниот масовен протест „Србија против насилството“. 

Апсењето, како што се наведува, го извршиле припадници на Министерството за внатрешни работи, Управата за криминалистичка полиција и Безбедносно информативната агенција (БИА) во соработка со Вишото јавно обвинителство во Белград.

„Тој се сомничи дека вчера на протестот во Белград пред Народното собрание на Република Србија со транспарент носел кукла која наликува на претседателот на Републиката. На осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа, и тој со кривична пријава ќе биде изведен пред надлежното обвинителство“,

се вели во соопштението на српското МВР.  

Принтскрин од соопштението на Министерството за внатрешни работи на Србија

Привeдувањето на новинарот претходно денеска за телевизијата Н1 го потврди неговиот адвокат.  

Ќерката на новинарот Бошко Савковиќ, Емилија, за „Данас“ го опиша моментот од приведувањето на нејзиниот татко, наведувајќи дека четворица мажи се појавиле на нивната врата без никаков налог за апсење. Таа негира секаква поврзаност на нејзиниот татко со куклата.    

„Се собравме 15 луѓе кај споменикот (на плоштадот Никола Пашиќ). Транспарентот беше цело време тука и на фотографиите се појави некаква кукла. Очекуваме да видиме што ќе се случи. Станува збор за кукла која премиерката на Србија ја прикачува на својот твитер-профил. Транспарентот е сè уште кај нас, го гледаме. Го видoа и инспекторите кои дојдоа. Но, ние немаме врска со куклата“,

изјави ќерката на приведениот новинар за дневниот весник „Данас“. 

За обесената кукла со ликот на српскиот претседател вчера прва реагираше премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, која на својот твитер-профил сподели фотографија од куклата која виси покрај транспарент.   

Таа во својата објава, која потоа беше споделена од голем број членови на Српската напредна партија (СНС), јавно праша како да им ја објасни содржината на фотографијата на своите деца. 

„Обесената“ кукла со неговиот лик денеска ја коментираше и српскиот претседател Александар Вучиќ, наведувајќи дека дел од неговата работа е да трпи такви „гасни работи“.   

 Дневниот весник „Данас“ објави опширна биографија на познатиот новинар, писател и критичар на режимот на Слободан Милошевиќ, кој како што се наведува новинарската кариера ја почнал уште во раните 1980-ти. 

 

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Костадиновска-Стојчевска со амбасадорката на Грција, Филипиду, утре во Курбиново, за резултатите од соработката со Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици

Следно

Јулијан Нагелсман ќе биде новиот тренер на ПСЖ

Latest from Blog