Спалети: Ако го пуштиш Кварацхелија, мртов си

1 min read

Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети е импресиониран од играта на Квича Кварацхелија на синоќешниот натпревар против Аталанта.

Наполи забележа победа (2:0) во 26. коло од Серија А, Кварацхелија беше стрелец на првиот гол.

– Кварацхелија е одличен во завршницата на нападите, знае добро да го направи тоа. Ако го пуштиш да пробие, ти си мртов. Може да заврши на различни начини, да погоди од невозможни ситуации. Неговите удари секој пат тоа се исклучително прецизни и тешки за голманите, изјави Спалети.

Наполи за кој настапува македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е убедлив лидер во италијанската лига со 68 бодови од 26 натпревари.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Во Тирана одбележана 110-годишнината од егзодусот на дебрани

Следно

Положено цвеќе во чест на 7144 македонски Евреи 12.3.2023

Latest from Blog