Сиријците засолнети во Туркије почнаа да се враќаат дома по падот на режимот на Асад

December 9, 2024
1 min read

ХАТАЈ (АА) – Сиријците кои беа засолнети во Туркије за време на граѓанската војна во нивната земја, започнаа да се враќаат во Сирија по соборувањето на 61 годишниот режим на Баас, јавува Анадолу.

На граничниот премин Чилвеѓозу во Хатај, југоисточната провинција Туркије, Сиријците утринава се наредија на граничниот премин Рејханли, чекајќи ги царинските процедури.

За да се спречи пренатрупаноста, тимовите на жандармеријата поставија посебна контролна точка на околу 5 километри (3,1 милји) од границата.

По проверките во овој момент, Сиријците за кои се сметаше дека ги исполнуваат условите за премин беа упатени до граничниот премин Чилвеѓозу.

Адем Мухамед Зин, сириски државјанин, за Анадолу изјави дека е на пат за Дамаск, неговиот роден град.

Тој ја изрази својата радост за ослободувањето на неговата земја по долги години: „Фала му на Бога, нашиот пат е отворен, Асад го нема, а војната заврши. Во Истанбул сум 10 години. Бог да ги благослови Турците, тие ни помогна многу“.

Али Хасико, кој 12 години чека да се врати во својот роден град Хама, исто така се заблагодари на Туркије: „Ѝ благодарам на Туркије што ни ги отвори вратите“.

Ибрахим Ал Мута, кој со своето шестчлено семејство чекаше да оди во Хама, рече дека тие биле во Туркије речиси 11 години. „Фала му на Бога, војната заврши. Туркије е прекрасна, но нашата татковина е Сирија“, рече тој.

Хана Хасико, која беше со своите деца и внуци, рече дека Туркије и Сирија се како семејство и додаде: „Ви благодариме за сè, сега си одиме дома“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО: Магла на патниот правец Шипковица – Попова Шапка, видливоста до 40 метри

Следно

По повод 10-годишнината, отворање на 4-тото издание на „Istanbul Photo Awards“ во Анкара

Latest from Blog

Шефот на руското разузнавање подготвен за разговори со шефот на ЦИА

МОСКВА (АА) – Шефот на Руската служба за надворешно разузнавање (СВР), Сергеј Наришкин, денес изрази подготвеност да се сретне со Џон Ретклиф, новиот директор на американската ЦИА, доколку САД изразат интерес за

Сиљановска Давкова: Успешната приказна нека продолжи да се развива!

Честитки по повод 20-годишнината од отворањето на првото Американско катче во Скопје, објави претседателката Гордана Сиљановска Давкова на својот фејсбук профил. „Американското катче е можност, пред сè, младите луѓе да бидат во

Тешкиот живот на 19 годишна девојка од Скопје, мајката со солзи во очите раскажува: „Ако не се оперира, состојбата ќе се влоши“

Вака изгледа секојдневието на 19 годишната Џенета. За да се движи потребна и е помош, бидејќи од раѓање страда од епилепсија и сколиоза, што претставува искривување на рбетот. Најголемиот товар го носи

Што се Брахицефаличен синдром и дискус хернија болести кои се почесто ги напаѓаат домашните миленици

Во последно време, ветеринарната медицина во Македонија се соочува со сè поголем број случаи на брахицефаличен синдром и дискус хернија кај домашните миленици, особено кај популарните раси на кучиња и мачки. Овие

Со „паметни часовници“ до автоматски повик на 112 во ЦУК – надоградувањето на системот продолжува со напредокот на технологијата

Со „паметни часовници“ до автоматски повик на 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) – оттаму нагласуваат дека надоградувањето на системот продолжува со напредокот на технологијата. Од ЦУК потсетуваат дека единствениот
Go toTop