СЕ ФРЛИ НА НИВНИТЕ ГРОБОВИ И ПРАША КОГО ПОПРВО ДА ПРЕГРНЕ – двете ќерки, внукот и зетот повеќе ги нема, не дочекала едната да ја види во венчаница (ВИДЕО)

1 min read

Плачот на мајката која во земјотресот го изгубила целото семејство речиси потресе многумина.

Таа со скршено срце и солзи во кои се гушеше изјавила за турската новинска агенција „IHA“ дека во двата разорни земјотреса ги загубила двете ќерки, внукот и зетот.

„Кого да прегрнам попрво, кого? Наместо во венчаници, јас ве соблеков и закопав“, вели таа.

Емине Ахмет која работела како медицинска сестра раскажува за хоророт кој го поминала заедно со својот сопруг под урнатините.

Откако нејзиниот сопруг не можел да ги извлече под урнатините своите две ќерки истрчал и побарал помош од другите роднини и започнал процесот на спасување на двете.

За жал биле извлечени безживотните тела на нивните две ќерки, зетот и внукот.

Од семејството на едната нејзина ќерка останал жив само двегодишниот внук, додека другата не дочекала да ја омажи.

Вели дека во домот на своите ќерки отишла за да ги чува внуците, но наместо тоа ја дочекало пекол кој и го зацрнил животот.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Силни експлозии во Харков

Следно

Пендаровски ќе се обрати на отворањето на изложбата на 54. Светска галерија на карикатури

Latest from Blog