САД ѝ позајмија на Полска четири милијарди долари за купување оружје

December 6, 2024
1 min read

Соединетите Американски Држави ѝ позајмија на Полска четири милијарди долари за купување оружје, потврди полскиот министер за одбрана, известува Анадолу.

„Имаме уште еден договор за заем со САД, кој ќе помогне за брза трансформација на вооружените сили на Полска во рамките на финансирањето на странските армии“, напиша полскиот министер за одбрана и вицепремиер Владислав Косињак-Камиш на социјалната мрежа Х.

„Четири милијарди долари сега, вкупно 11 милијарди долари САД ѝ понудија на Полска за вооружување, вклучително и системи за противвоздушна одбрана Патриот и хеликоптери Апачи“, додаде полскиот вицепремиер.

Камиш заемот го опиша како дополнителен доказ за големата доверба и силен полско-американски сојуз.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Чупеска: СДСМ мора силно да се спротивстави на окупација на безбедносниот сектор

Следно

„Goal“ со листа на фудбалери: Меси најдобар во 21 век, Роналдо зад него- ова се останатите

Latest from Blog

Кубанците го откажаа годишниот фестивал на пури

Организацискиот комитет на Фестивалот дел Хабано објави дека овогодинешното издание, кое требаше да се одржи кон крајот на февруари, е откажано. Одлуката е донесена поради „сложената економска ситуација“ со која се соочува

Какво ќе биде времето утре и во следните денови?

Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северен и североисточен правец. Утринските температури ќе се движат од -1
Go toTop