Решавање на кипарското прашање приоритет за новиот претседател на Кипар

February 13, 2023
1 min read

Моја најголема грижа е да се стави крај на турската окупација и повторно да се обедини нашата татковина. Ќе направам сѐ за одново да започне дијалогот, за да се создадат услови за решавање на кипарскиот проблем, рекол новиот претседател на Кипар, Никос Христодулидис за време на синоќешната инаугурација.

Поранешниот шеф на кипарската дипломатија победи на вчерашните претседателски избори во земјата, откако во вториот круг доби 51,91 отсто од гласовите, а доцна синоќа на свечена манифестација и официјално беше прогласен за нов, осми по ред, претседател на Република Кипар.

Грчката претседателка Катерина Сакеларопулу и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис синоќа имаа телефонски разговор со Христодулидис, му честитале за победата и го поканиле да ја посети Атина.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ја славиме љубовта: Празничнo мени во Skopje Limak Hotel

Следно

МВР со предупредување: Внимавајте, лажни електронски пораки се испраќаат во име на МВР, станува збор за обид за измама во меѓународни рамки

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не
Go toTop