Razer претстави додатоци за новиот смартфон

во категоријата Технологија

Razer лансираше неколку додатоци за нивниот најнов смартфон Razer Phone 2 кои секако се наменети за дополнително искуство во играњето игри.
Најпрво, компанијата го претстави Razer Raiju Mobile controller, на кој што може да се приклучи телефон, а се поврзува преку Bluetooth или USB-C. Тој може да работи со било која Android направа која има Marshmallow или понова верзија од тој систем. Батеријата му трае 23 часа со едно полнење.
Освен Raiju Mobile controller-от, компанијата исто така ги објави и слушалките Hammerhead USB-C ANC in-ear. Овие слушалки ја имаат опцијата за активно ислклучување на околна бучава, која црпи струја приклучениот уред, а исто така имаат и вграден аудио конвертер.
Цената на Raiju controller изнесува 149.99 евра, а на слушалките 99.99 евра.

Извор: https://usb.mk/