Работниот комитет за Националната развојна стратегија (НРС) одржа состанок во Скопје: Фокус на енергетскиот сектор и долгорочен одржлив развој

November 8, 2024
1 min read

Денес во Скопје се одржа состанок на Работниот комитет за Националната развојна стратегија (НРС), советодавно тело на Советот кое обезбедува експертска и техничка поддршка во имплементацијата на Националната развојна стратегија 2024-2044 година. Овие активности имаат за цел да ги постигнат амбициите за економски раст, социјална правда и одржлив развој, дефинирани со стратегијата, информираат од Министерството за енергетика.

Генералниот секретар на Владата, г. Игор Јанушев, даде воведно обраќање, истакнувајќи ја важноста на оваа иницијатива и ја изрази благодарноста кон УНДП и Министерството за финансии на Република Словачка за нивната поддршка. Јанушев нагласи дека со донесувањето на Националната развојна стратегија 2024-2044 и Програмата за нејзина имплементација 2024-2028, се започнува сериозен процес на долгорочен развој на земјата.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска во своето обраќање изјави дека, иако патот е полн со предизвици, тој отвора и нови можности кои мора да се искористат.

-Македонија се соочува со сериозни предизвици во енергетскиот сектор. Иако потрошувачката на енергија по глава на жител е пониска од просекот на ЕУ, имаме висок степен на енергетска сиромаштија и еколошка деградација. Во 2020 година, 24% од населението се соочуваше со енергетска сиромаштија, три пати повеќе од ЕУ просекот. Нашата цел е да балансираме помеѓу намалувањето на енергетската сиромаштија и зголемувањето на економската продуктивност, додека ги постигнуваме еколошките стандарди. Приоритет ќе ни биде да преминеме кон чиста енергија и да ја зголемиме енергетската ефикасност во сите сектори, особено преку поддршка на ранливите групи, како што се жените и помалку развиените региони. Истовремено, ќе вложиме во модерни технологии и обновливи извори за поголема енергетска ефикасност во индустријата и домаќинствата. Преку праведната транзиција во енергетскиот сектор ќе создадеме зелени работни места и ќе овозможиме родова еднаквост во новите проекти, истакна министерката Божиновска.

Министерката подвлече дека првите две до три години се клучни за имплементација на најважните мерки и ги повика членовите на Работниот комитет да предложат конкретни мерки за брза реализација.

-Со обединети напори од сите партнери можеме да изградиме зелена и одржлива иднина која ќе биде подобра за сите нас, нагласи министерката Божиновска.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини работи на подготовка на нов Закон за енергетика и Закон за обновливи извори на енергија. Работната група, составена од претставници на релевантните институции, енергетски компании, стопански комори и здруженија на производители на електрична енергија, активно го изработува текстот на законот. Предлог-законот се очекува да биде поднесен до Собранието најдоцна до почетокот на декември, со цел исполнување на обврските преземени со Договорот за основање на Енергетската заедница.

Националната развојна стратегија (НРС) е визионерски документ за следните 20 години, кој ја насочува земјата кон долгорочен развој преку четирикратен хеликс модел, овозможувајќи интегрирана соработка помеѓу државата, бизнис секторот, академската заедница и граѓанскиот сектор. Во претстојниот период ќе се разработат конкретни акции за реализација на стратегијата.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Од ГЕРБ со порака: Бојко Борисов треба да биде кандидат за премиер на Бугарија

Следно

Скопјанец украл „поло“ од битолчанка

Latest from Blog

Трагедијата во Кочани го крена на нозе и регионот, но и Европа

Македонија доби пораки на сочувство од бројни земји во светот за трагедијата во Кочани. Соседна Бугарија, Грција, Србија, Босна и Херцеговина и Албанија на Македонија и ги понудија и своите медицински капацитети

Претседателот Ердоган телефонски разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп

ИСТАНБУЛ (АА) – Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, телефонски разговараше со претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, известува Анадолу. Според објавата споделена на социјалните мрежи од профилот на Дирекцијата

Тошковски: Во дискотеката имало околу 500 лица, биле продадени околу 250 карти

Во дискотеката, согласно првичните информации што го имаме, имало околу 500 лица, некаде околу 250 карти биле продадени, согласно информациите што ги имаме добиено, објави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на

Хотелите во Скопје обезбедија бесплатно сместување за семејствата на загинатите и повредените

Здружението на хотели од Скопје, обезбедија бесплатно сместување за семејствата и роднините на повредените и почиантите лица во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Во клиниките низ државава, се лекуваат 155 лица,

Телата на починатите во пожарот ќе се транспортираат на обдукција во Скопје

Во Општата болница во Кочани пристигнуваат триесетина возила од погребните претпријатија и од АРМ, кои треба да ги транспортираат телата на загинатите на обдукција во Скопје, јави допсиникот на МИА од Кочани.
Go toTop