Политичката алхемија е појака од научната хемија

April 5, 2023
1 min read

Еден од најцитираните научници во светот, шпанскиот хемичар Рафаел Луке, е суспендиран без плата во следните 13 години, потврди и самиот Луке и институцијата каде што до неодамна работеше, Универзитетот во Кордоба во Шпанија.

Универзитетот го санкционирал Луке затоа што работел како истражувач и во други центри, како што се Универзитетот на Кралот Сауд во Ријад и Универзитетот за пријателство на народите во Москва, иако имал договор со полно работно време во Кордоба.

44 годишниот Луке е еден од најплодните научници во Шпанија. Има објавено околу 700 студии, главно од областа на таканаречената „зелена хемија“, чија цел е да синтетизира продукти како што се лекови и горива а притоа да се создава помалку отпад. Само оваа година, има објавено 58 студии.

Луке веќе пет години се наоѓа на листата на најцитирани истражувачи во светот, која ја составува специјализираната компанија Клариват. Институции ширум светот се натпреваруваат да ангажираат научници како него, за да ја подобрат својата позиција на меѓународните академски рангирања.

„Без мене, Универзитетот во Кордоба ќе падне за едно 300 места на  шангајската листа. Си пукаа во колено“, рече Луке, кој неговата суспензија а припиша на „чиста завист“.

Пред повеќе од една деценија, водечките саудиски универзитети започнаа агресивни програми за регрутирање на најцитираните научници во светот. Универзитетот „Крал Абдулазиз“, на пример, на истражувачите им нуди околу 76.000 долари годишно, со единствена задача годишно да минуваат само една недела во нивниот кампус, и притоа да го додадат името на саудиската институција на деловната биографијата.

Луке тврди дека никогаш не примал пари како награда туку дека институциите со кои соработувал ги покривале единствено трошоците на неговите истражувања, како и патните и сместувачки издатоци.

п.с. Ние немаме никакви проблеми со паѓање на Шангајската листа бидејќи во првите 1.000 нема ниеден универзитет од Македонија.

***********

Види и:

Медицинската наука е полна со фалц истражувања

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Чеферин по трет пат избран за претседател на УЕФА

Следно

Seriali i suksesshëm Star Trek: Strange New Worlds do të kthehet në SkyShowtime këtë verë

Latest from Blog

Кој е Моџтаба Хамнеи, новиот врховен лидер на Иран? Со години живеел „под радарот“

Моџтаба Хамнеи е потврден како нов Врховен водач на Иран – само трет во историјата на Исламската Република. Наследникот на убиениот ајатолах има 56 години го наследува својот татко, ајатолахот Али Хамнеи,

Муцунски ги пречека патниците од Дубаи: Најбитна е безбедноста на граѓаните, до крајот на неделава сите што побарале евакуација треба да бидат во државава

Вкупно 151 патник пристигна вечерва на скопскиот аеродром  од Обединетите Арапски Емирати со лет на „Флај Дубаи”. Повеќето се македонски државјани, еден е од Црна Гора, еден од БиХ, еден од Србија,

Пристигна авионот од Дубаи со првата група евакуирани македонски државјани

На Меѓународниот аеродром Скопје пристигна авионот од Дубаи со првата група евакуирани македонски државјани. Патниците ги пречека министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Со овој организиран лет од Обединетите

Од пораз до победа: Столе и Валенсија со два гола во судиско продолжение до победа!

фото: Valencia CF (X) По голема борба до самиот крај, Столе Димитриевски и неговата Валенсија од пораз, стигнаа до победа во судиското надополнување на домашен терен во исклучително важниот натпревар со Алавес
Go toTop