Општина Аеродром: ДУП за Лисиче не предвидува стотици згради, туку ќе реши проблеми на стотици граѓани

April 12, 2023
2 mins read

Победниците во категоријата „лажни и нереални вести и информации“ повторно деновиве во обид да ја дезинформираат јавноста. За жал неуспешно заврши блефот на коалицијата Левица и СДСМ за собирање политички поени со лаги и дезинформации. Објавите, вестите и прес конференциите за процесот на донесување на Детален урбанистички план во Општина Аеродром е целосна лага и измислица, креирана во ПР службите на овие политички парии, кои за жал немаат допир со реалноста и одамна го надминаа прагот на коректност и пристојност. Политичари кои немаат врска од политика, деновиве со обидуваат да бидат и планери, но за жал на листата евидентираат уште еден во низата неуспешни обиди, велат од општина Аеродром.

-Конкретниот ДУП за кој деновиве се пишува на социјалните мрежи и во медиумите еи кој конкретно за се однесува за дел од населбата Лисиче е изработен пред неколку години, пред доаѓањето на Муцунски за градоначалник во Општина Аеродром. Во него најголемиот дел од парцелите, односно повеќе од  95% се наменети за А1 објекти за индивидуално домување, односно за семејни објекти, што говори за фактот дека со него се решаваат инфраструктурни и сообраќајни проблеми, но и неговото донесување ќе значи и забрзување на процесот на решавање на веќе поднесените барања за легализација на бесправно изградените индивидуални објекти во ова населено место. Најважно од се дека истиот, во ниту еден случај не предвидува изградба на стотици згради, напротив решава проблем на стотици граѓани во овој дел од општината.

Целата постапка за измена на постоечкиот ДУП е јавна, транспарентна и во согласност со законите. Токму поради тоа во тек е јавната анкета преку која граѓаните со свои забелешки и сугестии може да даваат предлози за негова корекција и доработка. И во таа насока уште еднаш ги повикуваме граѓаните да го погледнат планот, да пополнат анкетни листови и да се уверат за што станува збор. Воедно да увидат дека информациите кои се пласираат во јавноста се целосна лага и невистина. Токму забелешките од граѓаните ќе бидат основа за носење поквалитетен Детален урбанистички план, а финалната верзија од ДУП-от ќе биде изработена по завршување на јавната анкета и во неа ќе бидат земени предвид најголемиот дел мислењата и ставовите на граѓаните кои живеат во овие населени места.

Аеродром е транспарента и отворена општина, која одлуките ги носи во консултација и соработка со граѓаните. Фактот дека за конкретниот ДУП веќе тече постапка на консултација со јавноста, е уште една потврда за истото. Општината Аеродром, преку стручните служби стои целосно на располагање за сите прашања и забелешки на граѓаните.

На крајот уште еднаш потенцираме дека токму хуманата урбанизација и решавање на инфраструктурните проблеми на граѓаните беше едно од клучните ветувања во изборната програма на Градоначалникот Тимчо Муцунски.

Во оваа прилика уште еднаш апелираме до политичките субјекти да се воздржат од ширење лаги и дезинформации, но апелираме и до граѓаните со апсолутна резерва да ги земаат предвид вестите кои се споделуваат од изворите кои досега во сите наврати се покажале како извор кој единствено шири, лаги, манипулации и дезинформации, се вели во соопштението на Општина Аеродром.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Утре авионско прскање против комарци во Скопје

Следно

Модерните психијатри произведуваат разбудени пациенти

Latest from Blog

НАД МИЛИОН ЛУЃЕ НА ПОГРЕБОТ НА САИФ АЛ ИСЛАМ ГАДАФИ, силен одговор против насилството и “арапската пролет“ (ФОТО)

Повеќе од 1.000.000 луѓе присуствуваа на погребот на Саиф ал-Ислам Гадафи, син на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, мавтајќи со зелени знамиња, симбол на владеењето на неговиот татко, објави „Ле Фигаро“. Саиф

Петрушевски: Додека Апасиев го плаќаа од СЈО, ги величеше. Кога чешмата секна, почна да ги плука.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, преку објава на социјалните мрежи остро реагираше на мемето што го објави лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, обвинувајќи го за популизам, лицемерие и злоупотреба на

Коњановски со битолските ловци на традиционална ловечка забава

На покана на Здружението за ловци „СОКОЛ“ – Битола, под мотото „ЗАЕДНО ЗА ТРАДИЦИЈА“, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на ловечката забава организирана од здружението. Настанот помина во духот на

Трамп и конфликтот со Европа: ЗАД СЕ СТОИ ТАЈНИОТ АРХИТЕКТ НА НОВАТА АМЕРИКАНСКА ПОЛИТИКА

Веројатно никогаш не сте слушнале за Енди Бејкер. Но, тој е водечкиот интелектуалец во Советот за национална безбедност (НСЦ) чии потези би можеле да ја одредат иднината на надворешната политика на Републиканската
Go toTop