Нова водоводна мрежа и асфалтирање на улиците „Корџевска“, „Мишевска“ и „Домазетовска“

April 13, 2023
1 min read

До крајот на месец мај, жителите на улиците „Корџевска“, „Мишевска“ и „Домазетовска“ во селото Драчево ќе добијат квалитетна вода за пиење, со што ќе се надмине проблемот со кој се бореа децении наназад.

Општина Кисела Вода денес започна со реконструкција на постојниот застарен водоводен систем на овој потег. Граден пред повеќе од 60 години, тој нема можност за кружно движење на водата низ цевките, со што таа се заматува и загадува, и е непогодна за употреба.

Се работи за градежен зафат во должина од околу 1400 метри. По завршувањето на активностите поврзани со водоводната мрежа, овие улици ќе бидат целосно асфалтирани. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски кој денес присуствуваше на започнувањето на градежните активности, истакна дека ова е зафат кој е неопходен и кој не смеел да чека досега, но дека интензивно работи на надминување на ваквите недзволиви проблеми не само на оваа, туку и на сите остaнати локации низ општината.

-Неприфатливо е во 21-виот век наши жители да немаат квалитетна вода за пиење. Уште понеприфатливо е тие десетици години да алармираат и да молат за решение, а за нивните барања никој да нема слух. Како што им ветив, денес започнуваме со решавање на овој горлив проблем. Градежните зафати на улиците “Корџевска”, Домазетовска” и “Мишевска” се во должина од 1400 метри. Опфаќаат реконструкција на постојната мрежа градена во 60-тите години на минатиот век. Дополнително, на крак од улицата “Корџевска” ќе изградиме нов дел од водоводна мрежа со што, согласно насоките од ЈП “Водовод и Канализација”, ќе се овозможи кружно движење на водата, па таа повеќе нема да биде заматена и загадена. Финализацијата на овој зафат вклучува целосно асфалтирање на сите споменати улици. До крајот на следниот месец и жителите од овој дел на селото Драчево ќе добијат современи и достоинствени услови за живење, а Општина Кисела Вода ќе продолжи со реализација на вакви проекти кои имаат суштинско значење и одамна требало да бидат ставени на листата сo приоритети на делување-изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

Инаку, пред само еден месец Општина Кисела Вода, инвестираше во изградба на нова водоводна мрежа во месноста Порупи во селото Драчево, долга 1480 метри. На квалитетна вода за пиење, жителите на улицата „Илија Ристевски“ и нејзините краци чекаа повеќе од 60 години.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Портпаролот на Кремљ, Песков: Црното Море никогаш нема да биде море на НАТО

Следно

Ревизорски извештај: Арачиново не наплаќа данок на имот и комунални такси од фирмите

Latest from Blog

Трамп го отстрани, но не се извинува видеото на кое Мишел и Барак Обама се прикажани како мајмуни

Трамп призна дека им наложил на помошниците да го објават, но тврди дека не го видел навредливиот дел од видеото.  Контроверзната снимка се појави на една од објавите на неговата платформа truth

Хачико – Битола: Кучињата инволвирани во нападот врз дете не се бездомни туку се од месното население

Од прифатилиштето за кучиња „Хачико“ – Битола информираат дека денеска добиле пријава за инцидент во кој дете помало од две години било каснато од куче во населбата Баир. Настанот, според пријавата, се

Хачико Битола: Случајот со каснатото дете се однесува на кучиња од месното население

Од прифатилиштето за кучиња „Хачико“ – Битола информираат дека денеска добиле пријава за инцидент во кој дете помало од две години било каснато од куче во населбата Баир. Настанот, според пријавата, се

Македонска технологија во служба на европска престолнина – Возило на Green Machines чисти во Будимпешта

Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина. Иако по димензии е
Go toTop