Најмалку петмина загинаа, а 16 се повредени во бомбашки напад на пазар во Пакистан

1 min read

ИСЛАМАБАД (АА) – Најмалку пет лица загинаа, а 16 се повредени во бомбашки напад изведен на пазар во пакистанската покраина Белуџистан, известува Анадолу.

Нападот е извршен со далечинско активирање на бомбата што била поставена на паркиран мотоцикл во местото Бархан.

Според првичните информации, на местото на бомбашкиот напад загинале 5 лица, а 16 се повредени.

Белуџистан е најголема покраина во Пакистан која има најголема стапка на сиромаштија во земјата. Во таа покраина делуваат силни бунтовнички движења кои се борат против сојузната влада во Исламабад.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

БАЛЕРИНАТА И КОРЕОГРАФКА САША ЕВТИМОВА ПОСТАВУВА МОДЕРЕН БАЛЕТ ВО ПОДГОРИЦА

Следно

Извршен увид, во несреќата во Илинден загина 14-годишно девојче

Latest from Blog