Крос: Невозможно е секоја година Реал да ја освојува Лигата на шампионите

1 min read

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Тони Крос, го коментираше поразот на тимот од Манчестер Сити (4-0) во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите.

„Граѓаните“ го елиминираа „кралскиот клуб“ со вкупен резултат 5-1.

„Кога потпишувате договор со Реал Мадрид, без разлика дали сте тренер или играч, мора да разберете дека очекувањата овде се најголеми. Имавме успех неколкупати, но невозможно е секоја година да ја освојуваме Лигата на шампионите. Сепак, далеку сум од тоа дека имавме лоша сезона во ова натпреваерување. Бевме на само еден натпревар до пласман во финалето, но тоа не е секогаш можно. Овојпат не заслуживме да играме во финалето, но повторно ќе се вратиме. 2019 година беше последен пат кога слушнав дека успешната серија на овој тим ќе заврши. Оттогаш помина долго време, а ние сѐ уште сме во врвот“, изјави Крос.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Мотоциклист удри во паркирано возило во Скопје, едно лице е тешко повредено

Следно

Русија уапсила тројца свои научници што работеле на Кинжал

Latest from Blog