Клоп изненаден од одлуката на Фирмино да замине

1 min read

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, изјави денеска дека е изненаден од одлуката на Роберто Фирмино да го напушти клубот по завршување на премиерлигашката сезона, пренесува Би-Би-Си.

Бразилскиот фудбалер одлучи да замине од Ливерпул кога во јуни ќе му истече договорот по седум години минати на „Енфилд Роуд“.

„Изненаден сум, но ја почитувам одлуката. Тоа е сосема нормално во вака долги врски каква што Боби има со клубот. Во овој момент немаме време за збогување, за тоа ќе имаме доволно време во подоцнежната фаза од сезоната. Тој е целосно посветен на тимот, како што веројатно и знаете, и тоа е сè што треба да знам“, изјави Клоп.

Фирмино на „Енфилд Роуд“ дојде во 2015 година и оттогаш за Ливерпул одигра 352 натпревари и постигна 107 голови. ег

Ливерпул е петтопласиран на табелата пред денешното гостување кај последно пласираниот Борнмут во рамки на 27 коло во Премиер лигата.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Мицкоски: Овој ден значи системска елиминација на еврејското население и е најцрниот ден за македонската историја

Следно

Аархеолошката изложба „Првите кралеви на Европа“ на 31 март во Чикаго

Latest from Blog