Касаноф: Се работи на црната листа

December 5, 2024
1 min read

Прашан дали може да се очекува проширување на црната листа, заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан Касаноф рече дека не може да коментира детали во моментов, но како што рече, тоа е нивен приоритет и е нешто на кое што САД работи.

– Сакам да подвлечам дека нашата поддршка за борбата против корупција е нешто што ние го сфаќаме многу сериозно во САД и нешто со што се справуваме на неколку начини тука во Северна Македонија. Имаме неколку програми кои што ги користиме за да можеме да ги поддржиме напорите за борба против корупцијата. Што се однесува до црната листа или санкциите, не можам да коментирам за детали во моментов, но можам да ве уверам дека тоа е наш приоритет и е нешто на што работиме, рече Касаноф.

Во врска со поддршката на САД за земјава и доаѓањето на новиот претседател Доналд Трамп во јануари, Касаноф во одговор на новинарско прашање рече дека не може да зборува за новата администрација која што треба да дојде, но, рече, она кое што може да го каже е дека во преостанатите месеци до крајот на администрацијата на Бајден, САД ќе продолжи да ги вложува своите напори за тековните реформи во земјава.

– Несоодветно е за мене да зборувам за новата администрација која што треба да дојде, тоа зависи од нив, но она што можам да ви го кажам е дека во преостанатите месеци до крајот на администрацијата на Бајден, ние ќе продолжиме да ги вложуваме нашите напори и политики што се однесуваат до Северна Македонија, да ги поддржуваме реформите за тековните реформи на Северна Македонија за нејзиниот пат кон ЕУ, рече Касаноф.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Втора седница на Економско социјален совет, Мицкоски со прес

Следно

Висок владин функционер ми кажа: „Ти си без контрола“ – рече Вилма Русковска за разрешувањето од обвинителка

Latest from Blog

Шокантни тврдења на Лејла Кадриу за функционирањето на СЈО – Катица Јанева тврдела дека е жена од милион долари

Поранешната обвинителка во Специјално јавно обвинителство, Лејла Кадриу, во јавни истапи изнесе сериозни обвинувања за начинот на функционирање на институцијата, наведувајќи директни политички влијанија, финансиски злоупотреби и незаконско постапување во периодот кога

НАД МИЛИОН ЛУЃЕ НА ПОГРЕБОТ НА САИФ АЛ ИСЛАМ ГАДАФИ, силен одговор против насилството и “арапската пролет“ (ФОТО)

Повеќе од 1.000.000 луѓе присуствуваа на погребот на Саиф ал-Ислам Гадафи, син на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, мавтајќи со зелени знамиња, симбол на владеењето на неговиот татко, објави „Ле Фигаро“. Саиф

Петрушевски: Додека Апасиев го плаќаа од СЈО, ги величеше. Кога чешмата секна, почна да ги плука.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, преку објава на социјалните мрежи остро реагираше на мемето што го објави лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, обвинувајќи го за популизам, лицемерие и злоупотреба на

Коњановски со битолските ловци на традиционална ловечка забава

На покана на Здружението за ловци „СОКОЛ“ – Битола, под мотото „ЗАЕДНО ЗА ТРАДИЦИЈА“, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на ловечката забава организирана од здружението. Настанот помина во духот на
Go toTop