Израелската Армија изврши рација во менувачници во Рамала

December 11, 2024
1 min read

РАМАЛА (АА) – Израелските сили денес извршија рација во три менувачници во Рамала, во централниот окупиран Западен Брег, по што ги затворија, јавува Анадолу.

Според очевидци, израелската Армија извршила рација во градовите Рамала и Ал-Бирех и вовела полициски час во неколку населби.

Израелските сили упаднаа и во три менувачници во Рамала, откако ги детонираа нивните врати и оставија порака во која ги предупредуваат сопствениците да не ги отвораат повторно.

Менувачниците низ градовите на Западниот Брег се на нишан на израелските рации во последните месеци, при што израелските сили запленија средства под тврдење дека припаѓаат на палестинската група Хамас.

Израелската Армија утринава изврши рација на неколку области низ Западниот Брег за да уапси Палестинци.

Во текот на изминатите неколку години, израелската Армија спроведуваше редовни рации на Западниот Брег, кои ескалираа со почетокот на војната во Газа на 7 октомври 2023 година. Палестинците, исто така, беа нападнати и од нелегалните израелски доселеници.

Најмалку 809 Палестинци оттогаш се убиени, а над 6.450 други се повредени од страна на израелската Армија на окупираната територија, според Министерството за здравство.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ахмети: Груби е совесен и одговорен, доколку се утврди вина сам ќе се повлече од партиските функции

Следно

Инзаги за поразот на Интер од Баер: Не одигравме на ниво

Latest from Blog

Ѓоковиќ: Ова не е крај за мене на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ даде интервју за новинарите, во кое кажа кои мисли дека се причините за неговиот пораз од Јаник Синер денес. “Реалноста ме стигна во последните година и половина како никогаш досега…

Хелсиншкиот комитет бара истрага за полицајците што не го спречиле нападот врз градоначалничката Арсовска

Хелсиншкиот комитет за човекови права најостро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, што се случи денеска на Бит Пазар за време на службен увид во

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја
Go toTop