Италијанска одбојкарка почина по пад од шести кат на хотел во Истанбул

April 13, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Италијанската одбојкарка и членка на клубот Игор Горгонзола Новара, Јулија Итума, почина утринава по пад од шестиот кат на хотел во Истанбул, јавува Анадолу.

Полицијата соопшти дека 19-годишната Итума утрово во 5:31 часот паднала на тендата пред хотелот во истанбулскиот кварт Ускудар и дека починала на самото место .

Полицијата ги зела снимките од надзорните камери на кои се гледа и трагичниот пад на младата спортистка.

Од снимките на камерите внатре во хотелот утврдено е дека Итума синоќа во 22:49 часот имала едночасовен телефонски разговор пред вратата на собата во која била заедно со својата соиграчка од клубот, Шпанката Лусија Варела Гомез.

Во собата оттогаш не влегол никој освен споменатите одбојкарки, а Гомез за трагедијата дознала дури откако полицијата влегла во собата и ја разбудила.

Гомез рече дека со Итума разговарала синоќа во 1:30 часот и дека потоа заспала.

Полицијата разговарала со другите одбојкарки и со персоналот на италијанскиот клуб и никој од нив не знаел дали Итума имала приватни проблеми.

Истрагата за деталите за несреќата продолжува.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Требаше за осум недели, но и по осум месеци од првата лопата ја нема фабриката за електрични автомобили во Тетово

Следно

Раст на бројот на илегални премини во ЕУ во првиот квартал од 2023

Latest from Blog

Следниот круг преговори за војната во Украина ќе се одржи на 17 и 18 февруари во Женева

Во меѓувреме, советникот на украинскиот претседател за комуникации, Дмитро Литвин, изјави дека следниот круг преговори со Русија и САД ќе се одржат на 17 и 18 февруари во Женева. Преговорите во Женева

Традиционална церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот кабинет

Повеќе од 170 основци од скопските училишта „Ѓорѓија Пулевски“ и „Кочо Рацин“ и од училиштето „Св. Наум Охридски “ од Охрид, денеска ја проследија церемонијата на свечено менување на државното знаме, којашто

ВЛЕН: Намалувањето на царините со САД отвора нова ера на слободна трговија и економски раст

Коалицијата ВЛЕН оцени дека договорот меѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави за меѓусебна трговска и енергетска соработка претставува историски чекор кој го зајакнува стратешкото партнерство и отвора нови можности за економски
Go toTop