Ѓоковиќ се огласи по поразот: Се обидов да извршам притисок…

July 14, 2024
1 min read

Дваесет и четирикратниот гренд слем победник Новак Ѓоковиќ го коментираше поразот од Шпанецот Карлос Алкараз во финалето на Вимблдон во 2024 година.

– Ова очигледно не е резултатот што го посакував. Во првите два сета моето ниво не беше на соодветното ниво. Но, мора да му оддадеме заслуга на Карлос, тој прикажа одлична игра. Се обидов да извршам притисок врз него. Спасив три меч топки за малку да го продолжам натпреварот, но тоа не се случи, изјави Ѓоковиќ по мечот со Алкараз.

Воедно, Србинот истакна дека генерално е задоволен од настапот на Грен слемот во Лондон.

– Треба да бидам многу горд. Сега сум малку разочаран, но кога ќе помислам на последните две недели и низ што поминав со мојот тим и семејството, морам да кажам дека сум многу среќен, додаде тој.

Српскиот тенисер настапи на Вимблдон по повреда. На Ролан Гарос го повреди менискусот, поради што мораше да се повлече од четвртфиналниот натпревар на турнирот против Данецот Каспер Руд.

Триесет и седумгодишниот Ѓоковиќ првпат во кариерата загуби две финалиња на Вимблдон по ред: во 2023 година загуби исто така од Алкараз. (МИА)

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Манчестер јунајтед го купи Зиркце од Болоња за 42,5 милиони евра

Следно

Шпанија е европски шампион

Latest from Blog

Од спомени до боја: Горан Боев и патот до искреното сликарство на изложба во КИЦ Скопје

Академскиот сликар Горан Боев на 28 март 2025 во 19:00 часот ја отвора својата ликовна изложба “Од спомени до боја: Горан Боев и патот до искреното сликарство” во КИЦ Скопје, на која ќе ги претстави своите најнови ликовни дела.

ТЕАТАРОТ НЀ ЧУВА, ЧИСТИ, НЀ РАЗБУДУВА, ВЕЛИ ЕМИЛ РУБЕН ВО ПОРАКАТА ЗА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ТЕАТАРОТ

„Театарот е сон, театарот е живот. Театарот чува, чисти, лета, сонува, нè разбудува. Сакајте го театарот, сакајте го животот, вели театарскиот, ТВ и филмски актер Емил Рубен, автор на македонската порака во

[Видео] Д-р Врчаковски: Ако сте најголем пријател на пријателот не го примајте преку ред. Никогаш!

Истакнатиот радиолог проф. д-р Миодраг Врчаковски, го искористи времето, откако ја завршив со својата работа и откако ги прегледа сите пациенти, сними видео порака за да каже кога се прават најголемите дијагностички
Go toTop