Германија ќе го легализира канабисот за лична употреба

April 12, 2023
1 min read

БЕРЛИН (АА) – Германија денес ги соопшти плановите за воведување нова легислатива што ќе им овозможи на полнолетните лица да поседуваат до 25 грама канабис за лично користење, јавува Анадолу.

На прес-конференцијата во Берлин, министерот за здравство Карл Лаутербах истакна дека новата легислатива има цел да се бори против црниот пазар и да ги намали казнените дела поврзани со дрогата.

„Претходната политика за канабисот не успеа“, рече Лаутербах, додавајќи дека забраната на канабисот не била ефикасна во ограничувањето на нејзината употреба и манипулирана од страна на криминалните групи.

„Нашата нова политика е за контролирана дистрибуција на канабис до полнолетните лица во јасно одредени граници“, рече тој.

Според планот на Владата, на лицата на возраст од 18 и повеќе години ќе им биде дозволено да поседуваат до 25 грама канабис.

Ќе биде дозволено и одгледување до три растенија канабис за лична употреба.

На непрофитните здруженија, со најмногу 500 члена, ќе им биде дозволено да одгледуваат канабис и да го дистрибуираат до своите членови.

Еден член може да добие најмногу 50 грама канабис месечно, според предлог-легислативата.

Либералната коалициска Влада на левиот центар на канцеларот Олаф Шолц планира да ја финализира работата на законските измени во наредните недели и да ги достави до Парламентот на одобрување.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туркије ја потврди поддршката за Азербејџан по смртоносниот ерменски напад

Следно

Обвинителство: Се преземаат мерки за расчистување на случајот со починатото дете кое беше нападнато од куче

Latest from Blog

Костадиновски: „Безбеден град“ ни покажа дека нашиот менталитет може бргу да се приспособува на правила

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, во изјава за медиумите денеска информира дека за системот „Безбеден град“ формирани се четири предмети. Нагласи дека овој проект покажал дека нашиот менталитет може многу бргу

МБИ10 со пад од 0.19% – Банкарскиот и фармацевтскиот сектор во фокус на берзанската активност на денешната сесија

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.   На берзанската сесија од 17 февруари 2026 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,19% и затвори на 10.154,21

Проданоски: Прилеп отворен за нови инвестиции и партнерства

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, оствари работна средба со претставници на MATTO (Стопанска комора на Македонија-Турција), каде се разговараше за продлабочување на економската соработка и можностите за нови инвестиции. На средбата, Проданоски
Go toTop