Facebook за Android наскоро добива Dark Mode

во категоријата Технологија

Facebook во март оваа година овозможи Dark Mode за својата Messenger апликација, а сега истата опција ќе биде достапна и за Android апликацијата за социјалната мрежа.

Социјалната мрежа веќе започна да работи на Dark Mode за Watch, но Џејн Вонг – која претходно откри некои функции во развојот на Facebook и Instagram – посочува дека компанијата започнала со спроведување на очекуваната функција и на својата главна апликација.

Facebook сè уште го усовршува Dark Mode за својата главна апликација и се очекува да потрае доста време додека функцијата не биде достапна за јавноста во последната форма.

ИЗВОР: https://usb.mk