ЕУ е длабоко загрижена за насилството во „Ал Акса“

April 5, 2023
1 min read

БРИСЕЛ (АА) – Европската Унија (ЕУ) е длабоко загрижена поради насилството во џамијата „Ал Акса“ во окупираниот Источен Ал Кудс (Ерусалим), јавува Анадолу.

Ги повикува сите страни на воздржаност за време на верските празници, изјави денес претставник на ЕУ.

Говорејќи на дневниот брифинг на Европската комисија, Петер Стано, главен портпарол за надворешни работи, потврди дека ЕУ многу внимателно ги следи случувањата во Израел и окупираната палестинска територија.

„Европската Унија е длабоко загрижена поради растечките тензии и насилство што ги видовме во текот на ноќта во комплексот на џамијата ‘Ал Акса’“, рече Стано.

Тој нагласи дека „исклучително е важно да се зачува историскиот статус кво на светото место“.

Исто така, тој го повтори повикот на блокот до двете страни да покажат екстремна воздржаност и да се воздржат од ескалација на акции и тензии „особено во овој период на верски празници“.

Оваа година во април се слават голем број значајни празници – еврејскиот празник Пасха, католичкиот Велигден и муслиманскиот Рамазан.

Претходно денес израелската полиција соопшти дека привела 350 Палестинци во комплексот на џамијата „Ал Акса“.

Група Палестинци се затворија во „Ал Акса“ откако еврејските доселеници повикаа на рација во џамијата.

Како одговор, израелската полиција ги скрши прозорците и употреби солзавец и гумени куршуми.

Комплексот на „Ал Акса“, кој зафаќа 15 отсто од областа на старото јадро на Ал Кудс, е под израелска окупација и претставува точка на средба на трите најголеми религии во светот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меси ја одбил понудата со плата од 400 милиони евра годишно!?

Следно

Почна изградбата на фекална канализација во Марино

Latest from Blog

Мицкоски: Никој нема право семејна трагедија да ја користи за политички поени

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска реагираше на прес-конференцијата на претседателката на Форумот на жени на СДСМ, оценувајќи дека трагичниот настан во скопската населба Карпош се користи за политички напади.

Пеп Гвардиола шокиран од одлуката на Манчестер Сити!

Времето на Гвардиола во Манчестер Сити и неговата доминација со овој клуб, произведе некои од најдобрите играчи во Премиер-лигата досега. Сепак, англиските медиуми тврдат дека челниците на клубот донеле одлука што, благо
Go toTop