Ердоган: Туркије нема аспирации на ниту едно камче на друга земја

December 7, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Туркије нема очи „ни на камче од која било друга земја“, рече денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу.

Анкара се надева дека соседна Сирија ќе ги постигне мирот и спокојството по кои трага 13 години, рече Ердоган во своето обраќање на 8. Обласен конгрес на турската АК Партија во Газиантеп.

Тој истакна дека зголемените напади врз цивилите во сириски Идлиб се чини дека се „последната капка“ што ги поттикна последните случувања.

Турскиот претседател истакна дека Туркије не може да ги игнорира случувањата во Сирија, со која дели 910 километри граница.

Во Сирија има нова политичка и дипломатска реалност, рече Ердоган и додаде: „Сирија им припаѓа на Сиријците, со сите нејзини етнички и верски компоненти, како и деноминации.“

Анкара е свесна за желбата на сепаратистичко-терористичката организација да „се фати за трупот во поплавата“ во Сирија, рече тој, предупредувајќи дека Туркије нема да толерира никаков потег што ја загрозува националната безбедност.

Туркије сака да види Сирија во која различни идентитети живеат едни до други мирно, и се надева дека ќе види таква Сирија „во многу блиска иднина“, додаде Ердоган.

Тој нагласи дека најдобро за регионот би било доколку сите одговорни актери, вклучително и меѓународните организации, го поддржат територијалниот интегритет на Сирија.

Турскиот претседател нагласи дека Сирија виде доволно војна и дека сирискиот народ заслужува слобода, безбедност и мир во својата татковина.

Покрај тоа, тој истакна дека режимот во Дамаск не може да го сфати значењето на раката што Туркије ја подаде и што значеше тоа.

Во врска со бегалците во Туркије, која е домаќин на најголемиот број сириски бегалци во светот, Ердоган рече дека историјата ќе забележи дека Туркије успешно го поминала тестот на човештвото „и покрај сета контрапропаганда“.

Сирија е средиште на граѓанска војна од 2011 година, а судирите повторно се интензивираа од крајот на ноември кога антирежимските групи ја презедоа контролата врз Алепо. Потоа ја презедоа контролата врз цел Идлиб, а потоа и врз Хама.

Вчера опозициските групи ја презедоа контролата и во покраината Дера на границата со Јордан. Денес, локалните опозициски групи ја презедоа контролата во јужната покраина Сувејда и во Палмира кај Хомс.

Опозициската Сириска национална армија ја спроведе операцијата „Зора на слободата“ против терористичката организација ПКК/ЈПГ во округот Тел Рифат, ослободувајќи го подрачјето од терористичките елементи.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вее снег на планинскиот превој Ѓавато – магла на патниот правец Тетово – Попова Шапка

Следно

ТВ 24: Mакедонија нема претставник во Париз – се расипал владиниот авион

Latest from Blog

Скопје во центарот на регионалната енергетска соработка – прв форум посветен на зелената транзиција и жените во енергетиката

На 25 ноември 2026 година, Скопје ќе биде во центарот на регионалниот дијалог за иднината на енергетиката. Во хотелот „Александар Палас“ ќе се одржи Првиот форум за енергетска дипломатија „Обновливи извори и

Струјата во Македонија речиси 60 отсто поевтина од европскиот просек: Еве колку плаќаат граѓаните во ЕУ

Македонија има една од најниските цени на електричната енергија за домаќинствата во Европа, покажуваат најновите податоци за првата половина од 2026 година. Според анализата објавена од „Еуроњуз“, електричната енергија во Македонија е

Николоски: До крајот на мај автопатот Кичево – Охрид ќе биде целосно пуштен во употреба

Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива со одлична динамика. Силно сме посветени заедно со изведувачот и надзорот и согласно зададениот рок ќе го завршиме целосно, изјави заменик претседателот на Владата и министер

„Булмак 2016“ со нова мерка за работниците: Дополнителни 5.000 денари за редовност на работа

Компанијата „Булмак 2016“, која успешно стопанисува со рудниците Злетово и Тораница, продолжува континуирано да ги унапредува условите за работа на своите вработени. Како еден од најзначајните економски двигатели во источниот дел на

Коњановски: Силниот ветер остави последици во Битола, службите го расчистуваат теренот

Три лица се повредени, неколку автомобили се оштетени, а околу 20 паднати дрвја се пријавени по силниот ветер што од синоќа ја зафати Битола. Градоначалникот Тони Коњановски, кој попладнево бил на терен
Go toTop