Еден загинат во тешка сообраќајна несреќа во Хрватска, се превртел автобус

1 min read

Едно лице загина, а неколку се повредени во сообраќајна несреќа Хрватска на автопат кај клучката Бриње. Несреќата се случила синоќа во 23 часот и 43 минути кога автобус со албански национални ознаки свртел надесно, удрил во ограда и се превртел на левата страна, пренесува ХРТ.

Во автобусот во моментот на несреќата имало девет патници и возачот. Автобусот го управувал 58-годишен албански државјанин. На повредените им била укажана лекарска помош во општите болници во Карловац и Огулин.

Хрватскиот авто-клуб извести дека делот на автопатот е затворен во двата правци поради сообраќајна несреќа. Оттаму ги советуваат возачите да ја прилагодат брзината и да одржуваат безбедно растојание бидејќи возачите тешко се движат по одредени делници од патиштата во внатрешноста поради снегот и на крајбрежјето поради невремето.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

212 санкционирани возачи во Скопје: 107 за брзо возење

Следно

Тешка сообраќајна несреќа во Хрватска: Се преврте автобус, има и жртви

Latest from Blog