Два нови земјотреси од 6,4 и 5,8 степени синоќа ја потресоа Туркије, најмалку шестмина загинати

1 min read

ХАТАЈ (АА) – Во синоќешните земјотреси кои ја потресоа турската област Хатај животот го загубија 6 лица, а 290 е повредени, известува Анадолу.

Екипите за пребарување и спасување во текот на ноќта под урнатините на зграда во Антакија успеаја да спасат едно лица. Од истиот локалитет се извлечени и безживотните тела на три лица.

Новинарот на Анадолу кој се наоѓа на терен информираше дека спасувачите работеле на извлекување на четири лица од под урнатините на зграда која се урна во синоќешните земјотреси. Спасувачите спровеле акција да ги извлечат работниците на фирма за селидба, кои се обиделе да ги извлечат предметите од оштетениот објект.

Селман Халак, еден од работниците на фирмата за селидба изјави дека настраданите се нашле во објектот поради транспорт на предметите, а тој самиот, во моментот на земјотресот тргнал да го донесе возилото за транспорт.

„Четири лица беа внатре, а едно преживеа“, рече Халак за Анадолу.

Претходно во текот на ноќта, министерот за внатрешни работи на Туркије Сулејман Сојлу соопшти дека три лица загинале во земјотресот кој во 20:04 часот по локално време го потресе Хатај.

Во земјотресот што го потресе Хатај повредени се 290 лица, од кои 18 се со тешки повреди, потврди турскиот министер за здравство Фахретин Коџа.

Земјотрес со интензитет од 6,4 степени по Рихтер синоќа го потресе подрачјето на Дефне во турската област Хатај, во 20:04 часот по локално време. Три минути подоцна следеше уште еден земјотрес со интензитет од 5,8 степени, со епицентар во подрачјето на Самандаг, во Хатај.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Силен земјотрес утринава во Иран

Следно

Малите борци од Неонатологија добија подароци од хуманите луѓе

Latest from Blog