CleanseBot е паметен мини робот што „убива“ бактерии (ВИДЕО)

во категоријата Технологија

CleanseBot е паметен робот што врши дезинфекција на секаква површина без употреба на хемикалии.

Покрај тоа што убива 99,9% од бактериите и вирусите, со помош на UV-C светлина оневозможува и ширење на нови вируси. Од прекинувачи за светло, до чаршави и телефони, роботот е погоден за чистење на било какви површини.

Особено е корисен за оние кои често патуваат и сакаат да бидат сигурни дека чаршафите, покривките и останатите работи во хотелските соби се потполно чисти. Малечок е и компактен, па може да се носи насекаде.

CleanseBot има вградена вештачка интелигенција и 18 сензори кои заедно со UV-C ламбите ги елиминираат микроскопските штетници. Корисникот треба само да притисне копче за 30-минутно чистење, а доколку притисне два пати роботот ќе чисти 60 минути.

Тестиран е на повеќе од 40 различни типови на материјали и форми, со цел да се соберат информации и да се направат најдобрите сензори и вештачка интелигенција.

ИЗВОР: https://usb.mk