Category archive

Спорт - 5 страна

КАКОВ ШОК ЗА АНГЛИЈА: Еден од најдобрите играчи се повреди, настапите на Мундијалот под знак прашалник

во категорија Спорт од

Деле Али синоќа го напушти натпреварот против Тунис пред последниот судиски свиреж.

Одличниот играч за врска во 80. минута го замени Рубен Лофтус-Чик, а причината беше повредата на Али, потврдуваат од англиската репрезентација. За сега не е познато колку повредата е сериозна, Али го пропушти денешниот тренинг за да оди на прегледи на кои ќе се потврди природата на повредата, а резултатите од прегледите ќе ги дознаеме во текот на денот.

За репрезентацијата на Англија повредата на одличниот играч би бил голем удар, кој би можел да има значително влијание врз понатомониот тек на првенството, кога станува збор за Гордиот Албион. Потсетуваме, Англија ја победи Тунис со 2:1 со двата гола на Кејн.

Извор: https://sportski.mk/

ВИДЕО: Колумбија се враќа – мајсторски гол на Квинтеро

во категорија Спорт од

Прочитајте поврзани статии

Load More In Светско првенство во фудбал – Мундијал во Русија 2018

Извор: https://sportski.mk/

Шок за Колумбија: Јапонија води и има играч повеќе! (видео)

во категорија Спорт од

Прочитајте поврзани статии

Load More In Светско првенство во фудбал – Мундијал во Русија 2018

Извор: https://sportski.mk/

Официјални состави: Колумбија – Јапонија

во категорија Спорт од

Денес на програмата се натпреварите од Групата Х со што ќе биде комплетирано првото коло на Мундијалот.

Во 14:00 часот на „Мордовија Арената“ во Саранск силите ќе ги одмерат селекциите на Колумбија и Јапонија.

Официјални состави:

Колумбија: Оспина, Аријас, Мина, К. Санчез, Фалкао, Квадрадо, Лерма, Мохика, Квинтеро, Искиердо, Д. Санчез.

Јапонија: Кавашима, Шоџи, Нагатомо, Шибасаки, Харагучи, Кагава, Инуј, Осако, Хасеме, Х. Сакаи, Јошида.

Извор: https://sportski.mk/

Агентот на Фекир за пропаднатиот трансфер во Ливерпул: Ништо не е готово!

во категорија Спорт од

Сагата за трансферот на Набил Фекир во Ливерпул не е завршена, потврди агентот на францускиот репрезентативец, Жан Пјер Берне.

Во моментов ѕвездата на Лион е со репрезентацијата во Русија, но после завршувањето на СП темата за неговата иднина повторно ќе биде актуелна.

Фекир беше пред трансфер во Ливерпул, ги помина и медицинските прегледи, но Ливерпул во последен момент сакаше да ја намалу цената, па трансферот не се реализира.

„Фекир не потпиша, но се уште ништо не е готово. Тоа не е крајот на историјата. Ќе почекаме да заврши Муднијалот и ќе видиме што ќе се случи“, изјави агентот Берне.

Извор: https://sportski.mk/

Готово: Арсенал го договори германскиот голман!

во категорија Спорт од

Арсенал е блиску до комплетирање на трансферот на голманот на Баер Леверкузен, Бернд Лено, пренесуваат англиските медиуми.

Медиумите на Островот пренесуваат дека двата клуба веќе постигнале договор, па „топџиите“ за германскиот голман ќе платат 22 милиони евра.

Бернд Лено ќе биде второ засилување за Арсенал ова лето, откако претходно како слободен агент пристигна десниот бек Стефан Лихштајнер.

26-годишниот Германец минатата сезона беше одличен на голот на „фармацевтите“ и на 10 натпревари ја зачува мрежата, но во последен момент отпадна од списокот за Мундијалот во Русија.

Извор: https://sportski.mk/

Видео: Се запали авионот со фудбалерите на Саудиска Арабија

во категорија Спорт од

Авионот на компанијата „Росија“ што ја превезуваше фубалската репрезентација на Саудиска Арабија на натпреварот во Ростов на Дон се запали за време на летот.

Имено, непосредно пред слетување во Ростов каде во среда, од 17 часот, треба да се игра мечот со Уругвај во рамките на Мундијалот, се запали авионот со кој се превезуваше репрезентацијата на Саудиска Арабија што, за среќа, мина без последици.

„Летот ФВ1007 при процес на слетување имаше технички проблем со еден од своите мотори. Причина е птица која била фатена од моторот и првичните проценки се дека ова е причината за проблемот“, објавил портпаролот на „Русија Ерлајн“.

„Сакаме да ве увериме дека сите членови на репрезентацијата која во моментов е во Русија се безбедни по малиот технички проблем на моторот на авионот“, соопштија од фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија.

Извор: https://sportski.mk/

Фудбалерите типуваат за вас: Ќумбев го завршува првото, Гачевски го започнува второто коло

во категорија Спорт од

Во вторник завршува првото коло на Светското Првенство со натпреварите од последната група Х. Во истиот ден и стартува второто коло со еден меч од групата А. Овие две групи ги анализираат и типуваат за Вас, Филип Гачевски и Панче Ќумбев кои беа доста успешни по првите натпревари.

ГРУПА Х (Филип Гачевски)

Колумбија – Јапонија – 1 @ 1.70 во Coinbet24

Дуел на две различни репрезентации со различен пристап на фудбалската игра. Сепак според мене блага предност има Колумбија која игра многу допадлив фудбал. Би потенцирал дека Колумбија може да биде едно од изненадувањата на ова светско првенство. Јапонија е репрезентација слична на Јужна Кореја која физички и тактички е доста подготвена. Меѓутоа имаа доста слаби натпревари во подготвителниот период и не верувам дека имаат сили за нешто повеќе од самото учество на ова Светско првенство. Мој тип е победа на Колумбија.

Полска – Сенегал – ГГ @ 2.10 во Coinbet24

Можеби натпревар со многу непознаници, но верувам дека ова е дуел кој многу ќе реши за понатамошниот тек на работите во оваа група. Полјаците се искусна репрезентација која има одлични поединци во своите редови, но на другата страна е Африканска репрезентација која се враќа на големата сцена после 16 години и сигурен сум дека имаат многу да покажат на ова светско првенство. Дуел во кој ќе има голови на двете страни.

Гачевски

ГРУПА А (Панче Ќумбев)

Русија – Египет – ГГ @ 2.25 во Coinbet24

На овој натпревар очекувам голови и на двете страни. Играм ГГ затоа што мислам дека Русија сигурно ќе постигне гол. Знаеме дека во моментов Русија е во поголема предност. Особено по првиот натпревар каде постигнаа пет гола. Но видовме и дека Египет не е лоша репрезентација, особено што сега од првата минута ќе настапи и Салах.

Извор: https://sportski.mk/

Барса притиска, Јувентус не се откажува од Пјаниќ

во категорија Спорт од

Трансфер сагата околу Миралем Пјаниќ околу евентуален трансфер во Барселона се уште не е завршена.

Во шпанските медиуми веќе десетина дена се зборува за тоа дека Пјаниќ ќе го напушти Јувентус и кариерата ќе ја продолжи во дресот на Барселона, додека од Апенините стигнуваат пораки дека тоа нема да се случи. Италијанските медиуми денеска објавија дека Пјаниќ и Јуве веќе на големо преговараат за нов договор.

Мундо Депортиво неодамна објави дека од Барселона веќе го контактирале агентот на Пјаниќ што го запалил алармот кај Старата дама. Наводно, Барса е спремна за Пјаниќ да плати помеѓу 60 и 70 милиони евра. Сепак, Јуве има сериозни планови со Пјаниќ и челниците на овој клуб во иднина го гледаат како предводник на тимот.

Целта на челниците на Јуве е што побрзо да го продолжат договорот со Пјаниќ, а како што пишуваат тамошните медиуми таа опција е се пореална. Босанскиот репрезентативец моментално има договор до 2021. година, а се шпекулира дека новиот договор ќе биде во важност до 2023.

Извор: https://sportski.mk/

Изјавата на Меси пред Хрватска ја изненади аргентинската јавност

во категорија Спорт од

Најдобриот фудбалер на Аргентина, Лео Меси одигра слаб натпревар против Исланд и уште еднаш се потврди дека никако не му одговара притисокот кој му го прават аргентинските медиуми.

Меси против Исланд помеѓу останатото промаши и пенал, а пред вториот натпревар на Првенството, против Хрватска, имаше чудна изјава.

„Против Исланд изгледавме добро во дефанзива.“ – кратко прокоментира Меси на новинарите пред натпреварот против Хрватите.

Аргентинските медиуми оваа изјава посебно ја анализираа, бидејќи сметаат дека неговата репрезентација токму во дефанзивата изгледаше лошо.

Да потсетиме, Аргентинците ќе бидат во незавидна ситуација доколку изгубат од Хрватска и ќе се соочат со испаѓање уште во групната фаза.

Извор: https://sportski.mk/

Оди на почеток