Category archive

Свет - 531 страна

Самоубиствен бомбашки напад во Авганистан, убиени жени и деца

во категорија Свет од

Авганистанските власти соопштија дека талибански бомбаш самоубиец извршил напад во јужниот дел на земјата, при што се убиени пет лица, а 25 се повредени.

– Бомбаш самоубиец се разнесе во автомобил полн со експлозив на паркинг во близина на полициска станица во Лашкар Гаху, изјави портпаролот на гувернерот на покраината Хелманд, Омар Звак.

Тој истакна дека меѓу жртвите во нападот, за кој одговорност презедоа талибанците, има жени и деца.

Во Копенхаген пронајдено обезглавено тело на исчезната шведска новинарка

во категорија Свет од

Во водите кај Копенхаген е пронајдено обезглавено женско тело со отсечени екстремитети, соопшти данската полиција, нагласувајќи дека по извршената идентификација било утврдено дека станува збор за шведската новинарка Ким Вал.

– ДНК анализата покажува дека телото е на Ким Вал, наведува полицијата.

Обезглавеното тело било пронајдено од велосипедист кој случајно минувал оттука.

Данската полиција пред неколку денови соопшти дека Вал, која се води како исчезната од 11 август кога интервјуирала сопственик на една подморница, починала во несреќа која се случила на пловниот објект. Сопственикот на подморницата Петер Мадсен, како што е соопштено, го фрлил нејзиното тело в море.

Мадсен, кој е обвинет за убиство од небрежност, изјавил пред судот и полицијата дека „се случила несреќа на подморницата, која предизвикала смрт кај Вал, а тој потоа ја фрлил во море, на неодредена локација јужно од Копенхаген“. Мадсен првично ги негирал обвинувањата за убиство од небрежност, тврдејќи дека новинарката ја напуштила подморницата во Копенхаген, пред пловилото да потоне. Тој е уапсен само неколку часа откако неговата потморница, тешка 40 тони и долга 18 метри, потонала покрај источниот брег на Данска.

Мадуо распиша меѓународна потерница по поранешниот државен обвинител Луиза Ортега

во категорија Свет од

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, изјави дека е покрената меѓународна потерница за апсење на поранешниот државен обвинител на Венецуела, Луиза Ортега Дијаз, која минатата недела побегна од земјата. Продолжи да читаш

Штајнмаер пристигна во Естонија, каде ја започнува турнејата во Балтичките држави

во категорија Свет од

Германскиот претседател Франк-Волтер Штајнмаер пристигна во Естонија, каде што ја започна својата турнеја во трите Балтички држави, објави ДПА. Германскиот претседател Франк-Волтер Штајнмаер пристигна во Естонија, каде што ја започна својата турнеја во трите Балтички држави, објави ДПА.
Естонската претседателка Керсти Калјулеид ги пречека Штајнмаер и неговата сопруга Елке Буденбендер со воени почести.
На почетокот на неговата посета, германскиот претседател ја изрази својата поддршка за напорите на естонските медиуми за борбата против обидите за дезинформации од странство.
Без да ја именува Русија како можен извор на дезинформации, Штајнмаер истакна дека Германија ја поддржува Естонија во создавањето на независни медиуми на руски јазик.
Во трите поранешни советски републики, Естонија, Латвија и Литванија живеат значителни заедници од руското говорно подрачје, а по анексијата на Крим од страна на Русија, овие земји стравуваат дека таквото дејствие би можело да се спроведе и против нив. Утре Штајнмаер се очекува да ја посети Латвија, а во четврток и петок – Литванија./МИА/

Ердоган: Турција никогаш нема да дозволи создавање на курдска држава во Сирија

во категорија Свет од

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави денеска дека неговата земја „никогаш нема да дозволи“ курдските милиции, кои Турција ги квалификува како терористички организации, да создадат курдска држава во северниот дел на Сирија. Продолжи да читаш

„Ел Мундо“: Терористите планирале напад врз катедралата Саграда Фамилиа во Барселона

во категорија Свет од

Еден од уапсените припадници на џихадистичката ќелија што изврши терористички напад во Барселона, минатата недела, изјавил на сослушувањето дека прославената катедрала, Саграда Фамилиа, била една од целите на џихадистите, пишува мадридски „Ел Мундо“ повикувајќи се извори од судот. Продолжи да читаш

Ју Џонг-чол: Северна Кореја никогаш нема да се откаже од нуклеарното оружје

во категорија Свет од

Севернокорејското нуклеарно оружје никогаш нема да биде предмет на преговори, изјави денеска Ју Џонг-чол, постојан претставник на Северна Кореја во Конференцијата за разоружување, под покровителство на ОН.

Продолжи да читаш

Микев: Русија и Турција го потпишаа договорот за испорака на ракетниот систем С-400 на Турција

во категорија Свет од

Договорот за испорака на противвоздишниот ракетен систем С-400 на Турција е потпишан, но се уште не е стапен во сила, изјави денеска директорот на рускиот државен извозник на оружје „Рособоронекспорт“, Алексеј Микев.

Продолжи да читаш

Во притвор четворицата Мароканци поврзани со нападот со нож во Турку

во категорија Свет од

Судот во Финска одлучи денеска да ги остави во притвор четворицата Мароканци кои се поврзани со минатонеделниот напад со нож во финскиот град Турку.  Продолжи да читаш

Фон дер Лајен: Германија нема да го зголеми военото присуство во Авганистан

во категорија Свет од

Германија нема веднаш да испрати повеќе војска во Авганистан, како што беше побарано од страна на американскиот претседател Доналд Трамп, бидејќи минатата година таа го зголеми своето присуство, додека другите земји го намалија, нагласи германската министерка за одбрана, Урсула фон дер Лајен.

Продолжи да читаш

Оди на почеток