Category archive

Свет - 5 страна

Париз предупреди дека волјата на Ким Џонг-ун за нуклеарно разоружување мора да се потврди

во категорија Свет од

Средбата на американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун е „неоспорен напредок”, но волјата, прикажана од Ким за нуклеарно разоружување, „треба да биде потврдена”, изјави францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан.

Во интервју за францускиот телевизиски канал „Се њуз” (CNews) министерот додаде дека „Северна Кореја, која се закануваше на светскиот мир … на самитот одлучи да започне нуклеарно разоружување, што е многу добро. Сега треба тоа и да го потврди, односно да го спроведе“.

Францускиот министер рече дека во минатото, таткото на Ким Џонг-ун најавувал одредени активности како денуклеаризација, но ништо не се доби.

– Поради тоа, добрата вест треба да биде проследеао со потврда дека принципот за денуклеаризација, соопштен на самитот, е навистина неповратен и предмет на проверка. Треба внимателно да се следи како се спроведува оваа денуклеаризација, приближување меѓу Северна и Јужна Кореја, како се почитуваат човековите права во Северна Кореја, а потоа ќе видиме, рече шефот на француската дипломатија.

Париз предупреди дека волјата на Ким Џонг-ун за нуклеарно разоружување мора да се потврди was last modified: June 13th, 2018 by Ана

Извор:https://a1on.mk/

Трамп: Средбата со Ким Џонг-ун придонесе за избегнување нуклеарна катастрофа

во категорија Свет од

Историската средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во Сингапур придонесе за избегнување на нуклеарна катастрофа, изјави претседателот на САД Доналд Трамп.

„Сакам да му се заблагодарам на претседателот (на Државниот совет на Северна Кореја) Ким што го направи првиот решителен чекор на патот кон светла нова иднина за својот народ. Нашата средба – прва меѓу американски претседател и лидер на Северна Кореја – докажува дека реалните промени се можни!“, напиша Трамп на Твитер.

„Светот значително се оддалечи од потенцијална нуклеарна катастрофа! Веќе нема никакви истрелување на ракети, нуклеарни истражувања или тестови! Заложниците се вратија дома, кај своите семејства. Му благодарам на Претседателот Ким, нашиот ден минат заедно беше историски!”, напиша Трамп во друг твит.

„Нема граница за тоа што Северна Кореја може да постигне кога ќе се откаже од нуклеарното оружје и ќе се вклучи во трговијата и интеракцијата со светот. Претседателот Ким има можност да влезе во историјата како лидер, кој го зацртал почетокот на прекрасна нова ера на безбедност и просперитет за своите граѓани “, додаде Трамп во друг твит.

Американскиот претседател во интервју за Фокс њуз рече дека САД нема да спроведуваат заеднички воени вежби со Јужна Кореја се додека Северна Кореја совесно преговара за денуклеаризацијата..

На прашањето за евентуалната посета на Ким Џонг-ун во САД Трамп изјави дека кога ќе биде вистинско време, севернокорејскиот лидер „апсолутно ќе дојде во Белата куќа”.

Во интрервју за Еј-Би-Си њуз, Трамп рече дека му верува на севернокорејскиот лидер.

– Да, му верувам.Можеби за една година ќе разговараме и јас ќе кажам дека сум погрешил. Тоа е можно. Соработуваме на високо ниво, многу нешта можат да се сменат и многу работи се можни. Тој мене ми верува и јас му верувам нему. Тој рече дека на ниту еден друг претседател ова не би му успеало, изјави американскиот претседател.

Тој уште додаде дека со Ким не разговарал за повлекување на американските сили од Јужна Кореја.

Трамп: Средбата со Ким Џонг-ун придонесе за избегнување нуклеарна катастрофа was last modified: June 13th, 2018 by Ана

Извор:https://a1on.mk/

Меркел и Курц: Европа мора да биде силна и единствена

во категорија Свет од

Германската канцеларка Ангела Меркел и нејзиниот австриски колега Себастијан Курц вечера во Берлин истакнаа дека ЕУ мора да биде силна и единствена, за да може да се докаже на глобално поле.

На заедничката прес-конференција Меркел истакна дека приориет на ЕУ е да дејствува единствено, додавајќи дека нејзиниот став во врска со тоа е уште поцврст по Самитот на Г7.

– Согласни сме дека Европа се наоѓа во многу тешка ситуација на глобално поле. ЕУ мора да биде поединствена и посилна и тоа е нешто што е наш заеднички став, порача таа.

Меркел рече дека постои и согласност околу прашањето за миграцијата, дека е потребно заедничко решение, затоа што тоа прашање има потенцијал да нанесе голема штета на ЕУ.

Таа укажа дека претседавањето на Австрија со ЕУ, од 1 јули, се паѓа во тешко време кога се финализира излезот на Велика Британија од членството и кога би требало да се постигне договор за идната финансиска рамка.

Австрискиот канцелар Курц рече дека претседавањето на неговата земја со ЕУ предвидува тешки задачи, ако се земе предвид геополитичката ситуација, односно преговорите за Бреггзит.

– Нашето претседавање воедно е и последно претседавање во целина пред изборите за Европскиот парламент и поради тоа има многу теми за кои мораме да одлучиме уште пред гласањето, објасни тој.

Курц рече дека Австрија има теми кои не ги можела да ги бира за време на претседавањето, а тоа се Брегзит и финансиската рамка, но дека како претседавач има можност да внесе и национални тежишта.

Според него, фокусот на претседавањето со ЕУ ќе биде безбедноста, па тоа ќе се води под мотото „Европа која штити“.

– Дојдов во Германија од Израел и секогаш кога одам таму се радувам што живееме во мирен и безбеден регион, а за да имаме мир и безбедност потребно е да се најде решение за илегалната миграција, затоа што без тоа нема внатрешна безбедност, порача Курц.

Тој најави дека ова прашање ќе биде во фокусот на Самитот на шефовите на држави или влади на ЕУ на 20 септември, додавајќи дека Австрија сака јазнење на Фронтекс, со човечки ресурси и со јасен мандат.

Според него, неопходно е да се намали притисокот на миграцијата на надворешните граници, и истакна дека не може секој кој е прогонуван во светот да најде подобар живот во Европа.

Меркел и Курц: Европа мора да биде силна и единствена was last modified: June 12th, 2018 by Naum Lokoski

Извор:https://a1on.mk/

Јужна Кореја бара појаснување за ветувањето на Трамп за прекин на воените вежби

во категорија Свет од

Изјавата на претседателот на САД Доналд Трамп дека американската армија ќе ги прекине воените вежби со Јужна Кореја, предизвика недоразбирање во Сеул и портпаролот на јужнокорејскиот претседател побара објаснување за ова прашање.

Неколку часа по разговорите со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во Сингапур, Трамп изјави дека воените вежби – насочени против Северна Кореја – ќе престанат. Тој додаде дека тие ги поттикнуваат тензиите и, ако престанат, „ќе се спасат огромни финансиски средства“.

Портпаролот на јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин изјави дека е неопходно да се разјасни „значењето и целта“ на изјавата на Трамп.

Американскиот претседател изрази и подготвеност да ги повлече војниците на САД од Јужна Кореја, но рече дека „токму сега тоа не е дел од равенката“, затоа што тој и Ким се фокусирале на укинување на нуклеарното оружје и постигнување мир на Корејскиот Полуостров.

Американската Воена команда во Јужна Кореја соопшти дека не добила „никакви нови упатства“ за редовните воени вежби во регионот.

Јужна Кореја бара појаснување за ветувањето на Трамп за прекин на воените вежби was last modified: June 12th, 2018 by Naum Lokoski

Извор:https://a1on.mk/

ВИДЕО: Заложничка криза во Париз

во категорија Свет од

Маж, кој тврди дека е вооружен, држи како заложници две лица во една канцеларија во центарот на Париз, соопшти попладнево француската полиција, нагласувајќи дека засега нема индиции оти станува збро за терористички чин.

Полицијата го блокирало реонот околу местото на заложничката криза и прави напори за ослободување на заложниците.

Електронското издание не весникот „Паризиен“ тврди дека киднаперот бил вооружен со бомба и пиштол и дека како заложнци држи три лица, меѓу кои и една трудница.

Според весникот, тој порачал дека „во околината не сака да види ниту едно полицско возило“ и дека бара да стапи во контакт со Амбасадата на Иран „за да и упати текст на француската Влада“.

ВИДЕО: Заложничка криза во Париз was last modified: June 12th, 2018 by Naum Lokoski

Извор:https://a1on.mk/

НАТО изрази поддршка за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров

во категорија Свет од

НАТО ја поздравува „историската средба“ меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

Тој нагласи дека НАТО изразува „силна поддршка“ на напорите за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров, поздравувајќи го договорот што го постигнаа Трамп и Ким.

– Корејскиот Полуостров ослободен од нуклеарно оружје ќе придонесе за безбедноста на сојузниците на НАТО и на нашите партнери во регионот, како и на целата глобална заедници, нагласи Столтенберг.

Договорот за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров беше потпишан на средбате на Трамп и Ким, што се одржа денеска во Сингапур.

НАТО изрази поддршка за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров was last modified: June 12th, 2018 by Naum Lokoski

Извор:https://a1on.mk/

Гутереш повика на меѓународна поддршка за спроведување на договорот Трамп-Ким

во категорија Свет од

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска ја повика меѓународната заедница да пружи поддршка за спроведување на договорот за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров, што го постигнаа денеска американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

– Спроведувањето на денешниот и претходно постигнатите договори во согласност со соодветните резолуции на Советот за безбедност, бара трпеливост и поддршка од глобалната заедница, се наведува во посмената изјава на Гутереш.

Договорот за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров беше потпишан на историската средба на Трамп и Ким, што се одржа денеска во Сингапур.

Гутереш повика на меѓународна поддршка за спроведување на договорот Трамп-Ким was last modified: June 12th, 2018 by Naum Lokoski

Извор:https://a1on.mk/

Трамп на Ким му прикажал видео за идната благосостојба на Северна Кореја ако прифати денуклеаризација

во категорија Свет од

Американскиот претседател Доналд Трамп на денешната историска средба во Сингапур со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, на својот соговорник му презентирал видео за потенијалната благосостојба и мирен развој на Северна Кореја, доколку земјата се согласи на откажување од нуклеарните амбиции.

Во видеото, кое потсетува на трејлер за филм, се говори за „двајца мажи, двајца лидери и една судбина“ и во него се прикажани фотографии на воени авиони и топови, додека нараторот на англиски и на корејски јазик наведува дека „новиот свет може денес да започне едно пријателство, почитување и добра волја“.

Ким во филмот е прикажан како централна фигура, која живее во клучен момент од историјата и може да стане „херој на својот народ“. – Дали ќе ја пружи раката кон мирот и ќе ужива во просперитет каков што никогаш не видел и во блескав живот или во вечна изолација, прашува нараторот во филмот.

– Тоа ние го измисливме. Му го покажав за време на состанокот кога се наближуваше неговиот крај и мислам дека му се допадна, изјави Трамп, кој попладнево од Синагпур отпатув за САД.

Трамп на Ким му прикажал видео за идната благосостојба на Северна Кореја ако прифати денуклеаризација was last modified: June 12th, 2018 by Ана

Извор:https://a1on.mk/

Што стои во декларацијата што ја потпишаа Трамп и Ким?

во категорија Свет од

По историскaта средба во Сингапур, американскиот претседател и севернокорејскиот лидер потпишаа декларација.

Иако Трамп и Ким веднаш не ја објавија содржината на потпишаната декларација, таа подоцна била споделена со присутните новинари.

Како што пренесуваат светските медиуми, во декларацијата се наведуваат черири клучни точки.

1. САД и Северна Кореја се посветени на воспоставување нови односи меѓу двете земји во согласност со желбите на народите на двете држави за мир и просперитет.

2. САД и Северна Кореја ќе работат заедно за да изградат траен и стабилен мир на Корејскиот Полуостров.

3. Во согласност со декларацијата од Панмунџом, потпишана на 24 април, Северна Кореја се обврзува да работи за целосна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.

4. Соединетите Држави и Северна Кореја се обврзуваат на враќање на воените затвореници и оние што исчезнале во борбите, што вклучува и враќање на оние што веќе се идентификувани во своите земји.

Што стои во декларацијата што ја потпишаа Трамп и Ким? was last modified: June 12th, 2018 by Ана

Извор:https://a1on.mk/

ВИДЕО: Доналд Трамп и Ким Џонг-ун потпишаа „сеопфатен“ документ

во категорија Свет од

Американскиот претседател, Доналд Трамп, и лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, се сретнаа и ракуваа во Сингапур, што е историска пресвртница во односите меѓу САД и Северна Кореја, но и воопшто во односите на севкупната меѓународна сцена.

Според медиумите, Трамп и Ким се ракувале, а потоа севернокорејскиот лидер му се обратил на претседателот на САД на англиски и тоа со зборовите: „Драго ми е што се запознаваме претседателе“.

„Направен е голем прогрес и двете страни ќе потпишат договор“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп по денешната историска средба со лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, во Сингапур. „Средбата помина подобро од очекувањата“, додаде Трамп.

„Не беше лесно да се дојде до тука, во минатото, практиките и предрасудите работеа против нас и имавме многу опструкции, но надминавме многу од нив и сега сме тука“, изјави северно-корејскиот лидер Ким Џонг Ун.

Двајцата претседатели имаа 40-тина минути тет а тет средба, а потоа се одржа и состанок на двете делегации на највисоко ниво.

Главна тема на самитот е денуклеаризацијата на Корејскиот полуостров.

Ова е прва средба меѓу претседатели на САД и на Северна Кореја.

ВИДЕО: Доналд Трамп и Ким Џонг-ун потпишаа „сеопфатен“ документ was last modified: June 12th, 2018 by Ана

Извор:https://a1on.mk/

Оди на почеток