Category archive

Свет - 4 страна

Ким Џонг-ун во дводневна посета на Кина

во категорија Свет од

Севернокорејскиот лиде Ким Џонг-ун денеска ја почна дводневната посета на Кина. Ким беше пречекан со воени почести од претседателот на Кина, Си Џинпинг.

– Преку конкретни напори на релевантните земји преговорите за Корејскиот Полуостров се враќа на прав пат и целокупната ситуација се движи кон мир и стабилност. Кина секогаш ќе има конструктивна улога во тој процес, изјави Си на средбата со Ким.

Според експертите Ким со кинеските кидери ќе разговара за следните чекори по минатонеделниот самит со американскиот претседател Доналд Трамп.

САД долго време се потпираа на Кина да го искористи своето влијание врз Северна Кореја и да го доведе Пјонгјанг на преговарачка маса. Но, посетата на Ким е во тензично време помеѓу Пекинг и Вашингтон поради „трговската војна“.

Ким Џонг-ун во дводневна посета на Кина was last modified: June 19th, 2018 by Naum Lokoski

Извор:https://a1on.mk/

Моравецки: Полска може да биде посредник меѓу ЕУ и САД

во категорија Свет од

Полскиот премиер Матеуш Моравецки изјави денеска дека сака владата да ја преземе улогата на „посредник“ во поправање на односите меѓу администрацијата на Доналд Трамп и на Европската унија.

На прес конференција во Берлин по средба со германскиот канцелар Ангела Меркел, Моравецки рече дека Полска и Германија може да ги обединат напорите за „прекин на трговската војна“ со САД кои се главен сојузник на Европа во сферата на безбедноста.

– Полска би сакала да биде координатор, посредник меѓу САД и Европа во најдобра смисла, додаде тој.

Меркел и Моравјеци разговараа за европската и глобалната безбедност како и трансатлантските односи обременети заради протекционистичката политика на Трамп.

Моравецки: Полска може да биде посредник меѓу ЕУ и САД was last modified: June 19th, 2018 by Ана

Извор:https://a1on.mk/

Гутереш: Рекорден број држави се вклучени во „насилни конјфликти“

во категорија Свет од

Бројот на земји вклучени во „насилни конфликти“ е најголем во последните 30 години, додека бројот на загинати во судирите е зголемен за десетпати од 2005 година, изјави денеска во Копенхаген генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш.

Тој наведе дека бројот на „насилни ситуации“, што можат да се окарактеризираат како војни врз основа на бројот на жртвите, е тројно зголемен од 2007 година.

– Покрај регионалните конфликти, глобалниот тероризам може да се случи каде било во кое било време, истакна Гутереш.

Тој вчера во Осло изјави од 2007 година е зголемен за 60 проценти бројот на „конфликти со низок интензитет“.

Гутереш: Рекорден број држави се вклучени во „насилни конјфликти“ was last modified: June 19th, 2018 by Ана

Извор:https://a1on.mk/

Европол во две операции заплени 700 парчиња оружје

во категорија Свет од

Во две големи разузнавачки операции со поддршка на Европол со цел сузбивање трговија со нелегелно оружје во Европа, запленети се повеќе од 700 парчиња оружје, вклучувајќи минофрлачи и митралези, соопшти Европол.

Операцијата „Колумби“ ја предводеле словенечките власти и стотици полицајци работеле заедно на териториите на Хрватска, Словенија и Шпанија со цел пресретнување на илегланото оружје и разбивање на мрежи кои се занимаваат со негова трговија.

Околу 40 парчиња оружје се запленети во Словенија и Хрватска, а уапсени се 33 осомничени во координирани акции на 14 јуни, стои во соопштението на Европол.

Операцијата е дел од пошироката европска стратегија што ја развиле полициските власти на Европската унија, американската ДЕА и Европол, со цел борба против криминална мрежа позната како „Балкански картел“.

Во Франција од 12 до 14 јуни е спроведена операција „Армес 72″ во чии рамки се претресени околу 100 куќи на 50 локации во земјата, се наведува во соопштението на Европол.

Уапсени се 30 осомничени, а запленети се 700 парчиња оружје меѓу кои 50 митралези и 250 пиштоли. Во оваа операција учествувале околу 600 француски полицајци.

Европол во две операции заплени 700 парчиња оружје was last modified: June 19th, 2018 by Ана

Извор:https://a1on.mk/

Дојче Веле: Популистички марш низ Европа

во категорија Свет од

Има се повеќе земји во ЕУ во кои десните популисти извлекуваат политички профит благодарение на нерешената мигрантска криза, при што се потешко е да се дојде до заедничко европско решение, пишува Дојче веле.

– Бегалската или мигрантска криза во многу земји од ЕУ влијаеше врз создавање силни десно-популистички опозициски партии и тоа може да се види во Франција, Холандија, Данска, Шведска и Германија, пишува Дојче веле и додава дека во некои држави десничарските популисти се дел од власта, како во Белгија, Финска, Австрија и Грција, Полска, Унгарија, Чешка, а од неодамна и во Италија.

Потпретседателот на Европската комисија Франс Тимерманс со загриженост предупредува дека зајакнати десничарки популисти и нерешено миграциско прашање би можеле да доведат не само до криза во германската Влада, туку дека би можеле да го загрозат и единството во ЕУ.

– Кога ќе се погледне развојот на ситуацијата во последните неколку години, се гледа дека миграцијата е тема која ја доведе ЕУ на работ на бездна. Миграциите играат клучна улога во секоја земја членка, без оглед за која и каква земја станува збор, рече Тимерманс во Европскиот парламент.

Од 2015 година, бројот на бегалци и мигранти кои доаѓаат во Грција, Италија и Германија нагло падна за околу 75 отсто, политиката кон мигрантите стана значително порестриктивна, меѓутоа популистичките партии и влади се уште предизвикуваат чувство кај луѓето дека границите се преплавени со бегалци.

Дојче Веле: Популистички марш низ Европа was last modified: June 19th, 2018 by Ана

Извор:https://a1on.mk/

Захарова: Се отворивме кон Западот, но излажани сме

во категорија Свет од

Од крајот на Студената војна Русија во целост се отвори кон западнире земји, но тие не излажаа, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

– Во целост се отворивме кон Западот, но не затоа што бевме поразени. Го направивме тоа сами, никој не не присили, рече Захарова во интервју за финскиот весник „Хуфвудстадсбладет“.

Според неа, некогашниот советски лидер Михаил Горбачов, творец на програмата на „перестројката“ сакал „да стави крај на трката во вооружувањето и Студената војна“, поради што Русија се отворила кон Западот.

– Но бевме излажани. Одговоривте со тоа што не заградивте со бодликава жица, рече таа истакнувајќи дека се што сакала Русија од Европа било соработка во повеќе области како што се економијата, трговијата и културата.

Таа додаде дека Русите сакале слободно да патуваат во други земји и да се ослободат од визи, но таа идеја секогаш била одбивана.

– Сега на сите им покажуваме: „Немојте ни да помислите повторно да не напаѓате“. Откако изгубивме 20 милиони луѓе во Втората светска војна, имаме право на сите да им покажуваме со цел тоа повеќе да не се повтори. Во изминатите 20 години се обидуваат да не опколат од сите страни, рече Захарова.

Захарова: Се отворивме кон Западот, но излажани сме was last modified: June 19th, 2018 by Ана

Извор:https://a1on.mk/

Новата шпанска Влада ќе го затвора мавзолејот на Франциско Франко

во категорија Свет од

Новата шпанска левичарка Влада на премиерот Педро Санчез планира да го отстрани посмртните останки на фашистичкиот диктатор Франциско Франко од неговиот мавзолеј. што се наоѓа во близината на Мадрид.

Претставникот на Владата, Оскар Пуенте изјави дека цел на ваквата мерка е желбата на властите таа локација да биде „место на сеќавање на Граѓанската војна, а не на глорификација на диктатурата“.

– Одлуката за ексхумација на посмртните останки на Гранко е сосема јасна, нагласи Пуенте, додавајќи дека Владата сака таа локација да биде „место за одвање почит и за сеќавање на сите Шпанци“.

Мавзолејот се наоѓа во комплексопт наречен „Долина на загинатите“, кој уште опфаќа и базилика и крст висок 150 метри. Комплексот го граделе политички затвореници, а го отворил самиот Франко во 1959 година.

Иницијативата за отстранување на посмртните останки од мавзолејот постои веќе неколку години, но претходната Влада на конзервативната Народна партија ја отфрлаше таквата идеја, со образложение дека тоа само ќе ги разбуди болните сеќавања 40 години по смртта на Франко и осум децении по завршувањето на Шпанската граѓанска војна.

Новата шпанска Влада ќе го затвора мавзолејот на Франциско Франко was last modified: June 19th, 2018 by Ана

Извор:https://a1on.mk/

Двајца убиени и тројца ранети во престрелка во Малме

во категорија Свет од

Две лица загинаа, а три други се ранети при престрелка што се случи синоќа во третиот по големина град во Шведска, Малме, соопшти шведската полиција, нагласувајќи дека не станува збор за тероризам.

При престрелката биле ранети пет лица, од кои едно, на возраст од 18 години, набрзо в болница им подлегнало на повредите. Утрово на здобиените повреди при престрелката им подлегнал и уште еден 29-годишен маж.

Според весникот „Афтонбладет“, во престрелката учествувале неколку лица кои непосредно пред инцидентот излегле од едно интернет кафуле во центарот на Малме.

На местото на престрелката полицајците пронашле 18 чаури.

Најголемиот број од учесниците во престрелката и претходно и биле познати на полицијата како сторители на кривични дела.

Мотивите за престрелката засега не се познати, а полициската истрага е во тек.

Двајца убиени и тројца ранети во престрелка во Малме was last modified: June 19th, 2018 by Ана

Извор:https://a1on.mk/

ЕУ го зголемува буџетот за вселенската програма

во категорија Свет од

Европската унија предложи зголемување на буџетот за вселенската програма од 50 проценти, на 16 милијарди евра.

Новиот буџет за период од 2021 до 2017 година ќе ја зајакне улогата на ЕУ во вселенските истражувања во светот, соопшти Европската комисија.

Тие истражувања помагаат во управување со земјиште, урбано планирање, за оптимизирање на крајбрежниот сообраќај, набљудување на Земјата, телекомуникациите и навигацијата, како и за други активности.

Европската комисија наведува дека во непредвидливиот геополитички контекст, вселенските активности имаат се поголемо стратешко значење.

-Вселената е прашање на наука, истражувања и меѓународна соработка и има многу практична улога во смисла на поттикнување иновации, економски раст и безбедност, се наведува во соопштението.

ЕУ наведува и дека европскиот вселенски сектор, вреден меѓу 53 и 62 милијарди евра, вработува 231.000 лица и оти ЕУ произведува третина од сателитите во светот.

ЕУ го зголемува буџетот за вселенската програма was last modified: June 18th, 2018 by Naum Lokoski

Извор:https://a1on.mk/

Трамп повторно со провокативни пораки кон Европа и Германија

во категорија Свет од

Претседателот на САД, Доналд Трамп, попладнево упати провокативни пораки кон Германија и Европската Унија поради миграциската криза.

Тој твитна: „Германскиот народ се врти против своето лидерство додека миграцијата го ниша бродот на веќе кревката коалиција во Берлин. Криминалот во Германија е многу зголемен. Голема грешка е направена низ цела Европа со пуштањето на милиони луѓе кои силно и насилно им ја сменија културата“.

Пораката доаѓа во чувствителен момент во Европа како и во САД. Лидерите на ЕУ имаат потешкотии да изнајдат компромис во пристапот кон миграциските прашања, додека во САД новата заострена политика кон мигрантите создаде гнев кај многу американски граѓани, поради одлуката да се разделуваат децата од сопствените родители со месеци, а понекогаш и години, додека чекаат одлука од властите за нивниот статус.

Трамп исто така неодамна се одлучи за протекционистички мерки за увозот на челикот и алуминиумот во САД, вклучително и од земјите на ЕУ, на што Унијата возврати со реципрочни рестриктивни мерки кон традиционални американски производи. Американскиот претседател исто така одби да го потпише завршното соопштение од Г-7 состанокот посветен токму на трговијата, меѓу другото.

Американскиот амбасадор во Германија пред две недели изјави дека сака да ги “засили“ екстремно конзервативните партии во Европа и да ги “охрабри“ да се “кренат“ против елитите, што предизвика револт кај германските политичари. Многумина од нив повикаа амбасадорот да биде протеран.

Трамп повторно со провокативни пораки кон Европа и Германија was last modified: June 18th, 2018 by Ана

Извор:https://a1on.mk/

Оди на почеток