Category archive

Свет - 3 страна

Путин: ОН имаат единствена улога во решавање на кризите

во категорија Свет од

Претседателот на Русија, Владимир Путин на денешната средба со генералниот секретатр на Обединетите нации, Антонио Гутереш изјави дека ОН имаат единствена улога во решавање на меѓународните кризи.

– Улогата на ОН како универзален инструмент за решавање на кризи во меѓународните односи е апсолутно единствена, истакна Путин.

Тој додаде дека Повелбата на ОН е основа за денешното меѓународно право.

Путин: ОН имаат единствена улога во решавање на кризите was last modified: June 20th, 2018 by Naum Lokoski

Извор:https://a1on.mk/

Европол: Двојно повеќе џихадистичките напади во Европа, со двојно помалку жртви

во категорија Свет од

Бројот на џихадистички напади во Европа во 2017 година бил двапати поголем во споредба со 2016 година. За сметка на тоа нападите предизвикале речиси двапати помалку жртви, соопшти денеска европската полициска служба Европол.

Во Европа минатата година биле регистрирани 33 напади, идентификувани како терористички. Во таа статистика Европол ги вклучува како извршените, така и неуспешните и осуетените напади.

Во 10 терористички напади во Европа во 2017 година, загинаа 62 лица. За споредба, во 2016 година на континентот биле извршени 13 терористички напади, 10 од нив предизвикаа смрт на вкупно 135 лица.

– Бројот на џихадистички терористички напади се зголеми во 2017 година, но паралелно со тоа таквото ниво на подготовка и спроведување стана помалку сложено, констатира Европол.

Агенцијата предупредува за опасноста од такви напади, за кои одговорноста ја презема Исламска држава, и како пример го посочува нападите со автомобили во пешаци или нападите со нож на случајни минувачи.

Минатата година, при два такви напади во Лондон загинаа 13 лица, а 98 лица беа повредени.

Извршителите на џихадистичките напади извршени во Европа минатата година беа главно локални жители. Тоа значи дека тие биле радикализирани во земјата во која живееле без да патуваат во странство за да се приклучат на терористичка група.

Во извештајот на Европол се наведува дека Исламската држава, Ал Каеда и другите џихадистички групи и понатаму претставуваат голема закана и имаат намера и капацитет да извршат терористички напади на Запад.

– Се подразбира дека поддршката за земјите членки во борбата против тероризмот останува апсолутен приоритет за Европол, изјави новата директорка на агенцијата Катерин де Бол.

Европол: Двојно повеќе џихадистичките напади во Европа, со двојно помалку жртви was last modified: June 20th, 2018 by Naum Lokoski

Извор:https://a1on.mk/

Можно е завршување на епидемијата на ебола во Конго

во категорија Свет од

ветската здравствена организација (СЗО) соопшти дека постои „претпазлив оптимизам“ дека епидемијата на ебола во Конго може да се доведе до крај.

Во извештајот објавен оваа недела СЗО и официјалните лица на Конго истакнуваат дека малку повеќе од месец дена натамошното ширење на вирусот во голема мерка е стопирано.

СЗО наведува дека ситуацијата во урбаните подрачја каде официјалните лица се плашеа дека може да дојде со пренесување е мирна во последните неколку недели, а вниманието треба да се насочи во руралните региони.

До денеска има 38 лица заболени од ебола, вклучувајќи и 14 смртни случаи.

Повеќе од 3.000 лица примија експериментална вакцина во обид за спречување на ширење на ебола.

Можно е завршување на епидемијата на ебола во Конго was last modified: June 20th, 2018 by Naum Lokoski

Извор:https://a1on.mk/

Данска и Норвешка планираат да ги вратат децата без придружба во Авганистан

во категорија Свет од

Данска и Норвешка планираат да формираат центар во Кабул, во кој би се вратиле децата без придружба, на кои им е одбиено барањето за азил, соопштија денеска данската и норвешката Влада.

Доколку би успеале во својата намера, авганистанските деца без придружба би биле присилени да се вратат во центар во Кабул.

– Се уште немаме договор, но имаме добар дијалог со властите во Авганистан. Сакаме да воспоставиме безбеден, добар центар со образовни можности во согласност со правата на децата според Обединети нации, изјави норвешкиот заменик министер за правда Торкил Амланд.

Тој додаде дека во Авганистан ќе се враќаат децата на возраст од 16, 17 и 18 години, но не и децата под 15 години.

УНИЦЕФ соопшти дека малолетниците не би требало да се враќаат во Авганистан, каде во последната година е влошена безбедносната ситуација.

Данска и Норвешка планираат да ги вратат децата без придружба во Авганистан was last modified: June 20th, 2018 by Naum Lokoski

Извор:https://a1on.mk/

Захарова: Белите шлемови во Сирија се поврзани со терористите

во категорија Свет од

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека припадници на невладината организација Бели шлемови во Сирија се поврзани со терористите.

– Ние знаеме и имаме информација дека членови на Белите шлемови имаат блиски врски со терористичките групи во Сирија. Тоа е потврдено во извештаите на независните новинари, истакна Захарова.

Таа додаде оти таквата информација не е објавена во западните земји бидејќи „едноставно не одговара на концептот дека Асад мода да си оди“.

Захарова: Белите шлемови во Сирија се поврзани со терористите was last modified: June 20th, 2018 by Ана

Извор:https://a1on.mk/

Закажана неформална средба за миграцијата на осум лидери на ЕУ

во категорија Свет од

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер за в недела во Брисел закажа неформална работна средба на шефовите на држави или влади на осум членки на ЕУ посветена на прашањата за миграцијата и доделувањето азил, јави ДПА.

– Закажувам неформална работна средба за в недела во Брисел за прашањата за миграцијата и доделувањето азил со група шефови на држави или влади на членките заинтересирани за изнаоѓање европско решение пред претсојната седница на Европскиот совет, објави Јункер на Твитер.

Според најавата, на средбата ќе учествуваат претставници на Австрија, Бугарија, Германија, Грција, Италија, Малта, Франција и Шпанија.

Цел на средбата, која ќе се одржи четири дена пред Самитот на ЕУ, е да се надминат големите разлики меѓу членките на Унијата околу прашањето за миграцијата, кое дури предизвика опасност и од распад на владината коалиција во Германија.

Германската канцеларка Ангела Меркел се соочува со незадоволство на најмалиот партнер во нејзината Влада, баварската Христијанско социјална унија (ЦСУ), која и даде рок од 10 дена за постигнување европски договор за ограничување на миграцијата, за што членките на ЕУ не успеваат да се договрат веќе со години.

Германскиот весник „Билд“ наведува дека се очекува на средбата в недела во Брисел, Германија да достави компромисно предлог-решение за утврдување заедничка европска политика за миграцијата.

Како што јави МИА, австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска изјави дека постои опасност од натамошно заострување на мигрантската криза, поради спорот околу политиката за давање азил во Германија.

Курц нагласи дека Австрија се подготува за враќање на мигрантите од границата на Германија, мерка за која се залага германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер.

– Мораме да бидеме подготвени на зајакнување на националните контроли на гранците во Европа, започнувајќи од Германија, истакна Курц.

Австрискиот канцелер потенцира дека не сака да се меша во внатрешната дебата во Германија во врска со миграцијата, но сепак упати критики за политиката кон мигрантите на Меркел.

– Оние кои во 2015 година ги отворија границите (за мигрантите) се виновниците поради кои денес постојат гранични контроли меѓу Австрија и Баварија, Унгарија и Австрија и Италија и Австрија и затоа што ситуацијата може и да се влоши, порача Курц.

Според него, единствена добра работа во целата оваа расправа во Германија е тоа што таа поттикнала „нова динамика на европско ниво, па сега постои поголема шанса нешто да се придвижи во ЕУ“.

– Сакаме единствен став со Германија и заедничко дејствување. Морам да нагласам дека е поптребна оваа дискусија за решавање на мигрантското прашање. Не може да се премолочува дека и натаму преголем број луѓе се движат кон централна Европа, истакна Курц, додавајќи дека не може да се чека да се повтори „катастрофата“ од 2015 година, кога во централна Европа преку Балканот пристигнаа над еден милион мигранти.

Закажана неформална средба за миграцијата на осум лидери на ЕУ was last modified: June 20th, 2018 by Ана

Извор:https://a1on.mk/

Помпео: Хејли ќе го реформира Советот на ОН за човекови права

во категорија Свет од

САД со децении водеа глобален фронт за промоција на човековите права преку мултиратерални тела и ние бевме сведоци на подобрување во некои сегменти, но многу долго чекаме прогрес кој во некои случи воопшто го нема, изјави американскиот држаев секретар Мајк Помпео по повод истапувањето на САД од Советот на ОН за човекови права.

Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, Помпео во Стејт департментот истакна дека американскиот претседател Доналд Трамп „уште од самиот почеток ги повикувал институциите или државите кои изјавуваат едно, а прават друго“.

– Имено тоа е проблемот со Советот за човекови права, изјави Помпео, цитирајќи го Трамп кој пред Генералното собрание на ОН нагласи дека ова тело е голем извор на непријатности, бидејќи во него членуваат некои влади кои флагрантно ги кршат човековите права. – Несомнено, ова тело на почетокот имаше благородна визија. Но, да бидеме искрени, Советот за човекови права денеска е слаб заштитник на човековите права, потенцира Помпео.

Тој додаде дека Советот станал пример за бессрамна хипокрозија каде многу од најлошите злоупотреби на човековите права се игнорираат, додека некои од најголемите светски престапници седат во него.

Помпео потсети дека во ова тело членуваат земји како Кина, Куба и Венецуела и додаде дека изборите и гласањето во Советот не се фер и дека ова тело имало константна и добро документирана предрасуда кон Израел.

– Од своето основање ова тело има прифатено многу повеќе резолуции за осуда на Израел отколку за сите други земји заедно, потенцира американскиот државен секретар.

Тој наведе и други причини зошто САД се повлекуваат од ова тело и истакна дека американскиот амбасадор во ОН, Ники Хејли, продолжува да работи на реформи во Советот на ОН за човекови права.

– САД во принцип не се против мултирателни тела кои работат на заштита на човековите права. Со нашите сојузници и партнери продложуваме да работиме на ова поле а тоа ги отсликува заложбите на Америка за слобода, истакна Помпео.

Истапувањето на САД од Советот на ОН за човекови права се случи во време кога доаѓаат се пожестоки осуди од јавноста поради антиимигрантската политика на Трамп со раздвојувањето на децата од родителите во прифатните центри за илегали имигранти на границата со Мексико.

Помпео: Хејли ќе го реформира Советот на ОН за човекови права was last modified: June 20th, 2018 by Ана

Извор:https://a1on.mk/

Курц: Постои опасност од заострување на мигрантската криза

во категорија Свет од

Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска изјави дека постои опасност од натамошно заострување на мигрантската криза, поради спорот околу политиката за доделување азил во Германија.

Пред средба со претставници на Владата на германската покраина Баварија во австриксиот град Линц, Курц нагласи дека Австрија се подготува за враќање на мигрантите од границата на Германија, мерка за која се залага германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер,

– Мораме да бидеме подготвени на зајакнување на националните контроли на гранците во Европа, започнувајќи од Германија, истакна Курц, додавајќи дека е во интензивни контакати со австриските министри за одбрана и за внатрешни работи.

Австрискиот канцелер потенцира дека не сака да се меша во внатрешната дебапата во Германија во врска со миграцијата, но сепак упати критики за политиката кон мигрантите на германската канцеларка Ангела Меркел.

– Оние кои во 2015 година ги отворија границите (за мигрантите) се виновниците поради кои денес постојат гранични контроли меѓу Австрија и Баварија, Унгарија и Австрија и Италија и Австрија и затоа што ситуацијата може и да се влоши, порача Курц.

Според него, единствена добра работа во целата оваа расправа во Германија е тоа што таа поттикнала „нова динамика на европско ниво, па сега постои поголема шанса нешто да се придвижи во ЕУ“.

Меркел се соочува со незадоволство на најмалиот партнер во германската Влада, баварската Христијанско социјална унија (ЦСУ) на Зехофер, која и даде рок од 10 дена за постигнување европски договор за ограничување на миграцијата, за кои членките на ЕУ не успеваат да се договрат веќе со години.

Курц нагласи дека Австрија не сака никакви караници меѓу германските коалициски партнери, додавајќи дека Виена нема никаква полза од конфликтите во други земји.

Тој потврди и дека во текот на оваа недела ќе има средба со Меркел и со неколкумина други лидери од ЕУ, посветена на прашањето на миграцијата.

– Сакаме единствен став со Германија и заедничко дејствување. Морам да нагласам дека е поптребна оваа дискусија за решавање на мигрантското прашање. Не може да се премолочува дека и натаму преголем број луѓе се движат кон централна Европа, истакна Курц, додавајќи дека не може да се чека да се повтори „катастрофата“ од 2015 година, кога во централна Европа преку Балканот пристигнаа над еден милион мигранти.

Курц: Постои опасност од заострување на мигрантската криза was last modified: June 20th, 2018 by Ана

Извор:https://a1on.mk/

„Фајненшал Тајмс“: ЕУ размислува да отвори мигрантски центри надвор од својата територија

во категорија Свет од

Лидерите на ЕУ разгледуваат планови за испраќање на мигрантите пресретанати во Средоземното Море во мигранстки центри надвор од територијата на Унијата, што укажува на промена на европскиот пристап кон прашањето за миграцијата, оценува лондонски „Фајненшал Тајмс“.

Според весникот, овие центри би биле користени за раздвојување на економските мигранти од лицата на кои им е потребна меѓународни заштита, бидејќи доаѓаат од конфликтни зони.

Предлогот за отворање на ваквите мигрантски центри надвор од територијата на ЕУ ќе биде разгледуван на претстојниот самит на шефовите на држави или влади на Унијата, тврди „Фајненшал Тајмс“, повикувајќи се на предлог-текстот за завршниот документ од средбата.

Весникот оценува дека ваквиот предлог доаѓа во време на зголемени тензии во Европа околу прашањето за миграцијата, откако минатата недела новиот италијански министер за внатрешни работи Матео Салвини одби да му дозволил влез во Италија на брод што превезуваше на 600 мигранти претходно спасени во водите на Средоземното Море во близина на бреговите на Либија.

Во исто време, германската канцеларка Ангела Меркел се соочува со криза во нејзината владина коалиција поради несогласувањата околку мигрантската политика. Меркел се соочува со незадоволства на најмалиот партнер во германската Влада, баварската Христијанско социјална унија (ЦСУ), која и даде рок од 10 дена за постигнување европски договор за ограничување на миграцијата, за кои членките на ЕУ не успеваат да се договрат веќе со години.

Сепак, според лондонскиот весник, предлогот за отворање на мигрантски центри надвор од територијата на Унијата може да наиде на правни пречки, бидејќи европската регулатива забранува префрлање на лица во земји кои се сметаат за небезбедни.

Останува неизвесно и што ќе се случува со мигрантите чии барања за азил ќе бидат одбиени во некоја од земјите членки на ЕУ, бидејќи постои опасност таквите мигрантски центри да бидат пренатрупани со луѓе, кои ниту ќе можат да влезата во Унијата, ниту пак да се вратат во своите матични држави, заклучува „Фајненшал Тајмс“.

„Фајненшал Тајмс“: ЕУ размислува да отвори мигрантски центри надвор од својата територија was last modified: June 20th, 2018 by Ана

Извор:https://a1on.mk/

Трамп тврди дека криминалот во Германија се зголемува поради мигрантите, податоците го покажуваат спротивното

во категорија Свет од

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека криминалот во Германија расте поради мигрантската политика на Берлин и ги оспори официјалните податоци, кои го говорат спротивното.

Трамп денеска на Твитер повторно напиша дека „криминалот во Германија порасна за повеќе од 10 проценти (одговорните лица не сакаат да ги пребројат овие кривични дела), поради прифаќање мигранти”.

– Во други држави е уште полошо, додаде Трамп и ја повика Америка да не тргнува по тој пат, во момент, кога во САД се разгорува полемиката поради одделувањето на повеќе од 2.300 малолетни мигранти од нивните родители без документи.

Критиката на Трамп за миграциската политика на Германија, доаѓа во момент на поделеност на владата на Ангела Меркел околу тоа прашање.

Во 2017 година, германската полиција регистрирала 5.761.984 кривични дела, што претставува намалување во споредба со 2016 година кога бројката изнесувала 6.537.748.

Во извештајот објавен на почетокот од мај германскиот министер за внатрешни работи, Хорст Зехофер, го поздрави фактот дека бројот на физички напади врз луѓе или имот во 2017 година достигна „историско најниско ниво од 1992 година”.

Трамп тврди дека криминалот во Германија се зголемува поради мигрантите, податоците го покажуваат спротивното was last modified: June 19th, 2018 by Naum Lokoski

Извор:https://a1on.mk/

Оди на почеток