Category archive

Регион - 4 страна

Регион

Владата на Ципрас утре на тест во грчкиот парламент – ќе се гласа за недоверба поради договорот со Македонија

Грчкиот парламент започна расправа по барањето за недоверба на владата на премиерот, Алексис Ципрас. Барањето го поднесе лидерот на најголемата опозициска партија, „Нова демократија“, Киријакос Мицотакис, поради договорот со Македонија за новото име на земјата. Дебатата треба да биде завршена во сабота, во 14 часот по локално време, одлучило претседателството на парламентот, а пренесе новинската… Продолжи да читаш

Регион

Пратеникот од Златна зора што повика на воен пуч, избришан од партијата

Со одлука на лидерот на Златна Зора, Никос Михалољакос и со согласност од пратеничката група, пратеникот Константинос Барбарусис е избришан од партијата поради неговиот став изнесен од собраниската говорница кога ја повика војската да ги уапси Ципрас, Каменос и Павлопулос. Како што јави дописничката на МИА од Атина, претседателот на партијата коментира дека изјавата на… Продолжи да читаш

Регион

„Пресе“: Виена преговара за сместување на илегални мигранти на Балканот

Австриската Влада преговара со земјите од Западен Балкан за отворање центри за протерување на илегални мигранти, пишува виенскиот весник „Пресе“. Весникот тврди дека Виена „веќе преговара“ со Скопје, Белград, Тирана и Приштина за отворање „кампови за протерување на лицата кои во Австрија добиле негативен одговор на барањата за добивање азил, а кои пристигнале преку балканската… Продолжи да читаш

Регион

Коѕијас: Договорот е вин-вин за двете страни

Надеж дека граѓаните ќе гласаат позитивно на референдумот изрази шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во интервју за рускиот весник „Известија“, бидејќи смета дека договорот е добар, вин-вин и урамнотежен. – Мислам дека референдумот е еден дел од ратификацијата на договорот согласно со одлуките на раководството на Северна Македонија. Треба да се добие референдумот за… Продолжи да читаш

Регион

Протести во Атина и Преспа за договорот со Македонија

Од петок во 10 часот ја започнуваме нашата битка за Македонија, велат организаторите на протестите во Атина и Преспа, преку социјалните мрежи и ги повикуваат граѓаните на централен собир пред грчкиот Парламент вечер во 20 часот. „Комитетот за борба за грчкиот карактер на Македонија“ под слоганот „Македонија значи Грција“ организира протести во следните три дена… Продолжи да читаш

Регион

Грчкиот парламент расправаше до два часот по полноќ за договорот со Македонија

Пред два часот по полноќ заврши првиот дел од расправата во грчкиот Парламент по доставениот предлог од Нова демократија за гласање недоверба на Владата. Како што јави дописничката на МИА од Атина, пратеници од сите партии вчера го изразија нивниот став околу договорот постигнат меѓу премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев. Расправата се движеше во… Продолжи да читаш

Регион

Јадранското Море најтопло во последните сто години

Водата во Јадранското Море, според мерењата на научниците, е најтопла во последните сто години. Површинската температура на морето во моментот е за три до четири степени повисока во однос на просекот за првата половина на јуни, при што во Сплит и Пула биле измерени 26 степени Целзиусови. Во периодот од 2008 до 2015 година просечната… Продолжи да читаш

Регион

Катругалос: Политичко самоубиство за Нова демократија е предлогот за гласање недоверба на владата

Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, со свои аргументи, толкување на договорот, го повика грчкиот парламент да не го поддржи предлогот на Нова демократија за недоверба на владата, предлог за кој рече дека е политичко самоубиство за опозициската партија. Јоргос Катругалос, одговарајќи на критиките од опозицијата рече дека во договорот не е споменат идентитетот,… Продолжи да читаш

Регион

Кумуцакос: Владата бараше аргументи што се во прилог на другата страна

Земјата со потпис ќе ја обврзе еден премиер кој е изолиран и од народот и од неговиот владин кабинет, премиер што нема согласност од министерот за одбрана, рече одговорниот за надворешна политика во опозициската Нова демократија, Јоргос Кумуцакос на денешната расправа во грчкиот Парламент за гласање недоверба на Владата. Кумуцакос рече дека Нова демократија го… Продолжи да читаш

Регион

За пет месеци од Грција протерани 3.427 Албанци

Грчката полиција денеска објави дека, според планот за справување со илегалните имигранти, во текот на месец мај биле протерани 1.323 мигранти од различни националности. – Како и претходно најголемиот број од протераните илегални имигранти се албански државјани. Од вкупниот број, дури 738 се државјани на Албанија, 143 на Ирак, 141 на Пакистан, 45 на Грузија,… Продолжи да читаш

Оди на почеток