Category archive

Македонија - 1000 страна

Фирмата „Тотал“ на Латас на листата должници на УЈП

Во последната листа на должници на Управата за јавни приходи се наоѓа и фирмата „Тотал маркетинг“ чиј управител е новинарот и уредник, Драган Павловиќ Латас. „Тотал маркетинг“ и должи на државата 23.000 евра за неплатен данок на додадена вредност. Продолжи да читаш

Османи: Да ги тргнеме предрасудите и емоциите и рационално да го решаваме прашањето за името

Да ги елиминираме предрасудите и емоциите и рационално да пристапиме кон решавање на праша њето за името, порача вицепремиерот Бујар Османи за посета на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас,  најавена кон крајот на месецов. Продолжи да читаш

Службата за дезинсекција од кумановскиот Центар за јавно здравје ги интензивира активностите во летниот период

Службата за дезинсекција, дезинфекеција и дератизација ги интензивира активностите во летниот период, соопштија денеска епидемиолозите од Центарот за јавно здравје Куманово. Продолжи да читаш

Во Скопје вчера 11 сообраќајки, двајца потешко повредени

Две лица се потешко повредени во две од вкупно 11 сообраќајни незгоди што се случиле вчера во Скопје. Во три сообраќајки полесно се повредени пет лица, а во шест регистрирана е само материјална штета. Продолжи да читаш

Павлопулос им честита на младите ракометарки за „одбрана на татковината“ и ја обвини Македонија за иредентизам

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос вчера повторно ја повика Република Македонија „да престане да шири ирентизам со кој си го поткопува својот европски пат“. Продолжи да читаш

Сакаме добри односи со Србија

Македонскиот премиер Зоран Заев во изјава за српски „Блиц“ повтори дека Владата во Скопје никогаш ниту имала намера, ниту дала упатства за вршење какви било разузнавачки активности против која било соседна земја, вклучувајќи ја и Србија. Продолжи да читаш

Македонска делегација во Лариса на примопредавање на командата на СЕЕБРИГ

Македонска делегација предводена од заменик-министерот за одбрана Беким Максути денеска во базата „Шина“ во близина на Лариса, Грција, ќе присуствува на свеченост по повод примопредавање на должноста командант на Бригадата на Југоисточна Европа (SEEBRIG) и на примопредавање на Претседателството со South East Defence Ministerial (SEDM) иницијатива за соработка во Југоисточна Европа. Продолжи да читаш

Оди на почеток