Category archive

Занимливости

Дали купувачите плаќаат два пати камата за производ на рати со картичка – Нептун вели работи законски

во категорија Занимливости од

Кои се законски обврски на трговецот за цената и наплатата. Потрошувачите имаат право да ги знаат овие моменти кога купуваат производи кои се ставени на акција, ако имаат посебна програма за попусти или ако се овозможени плаќања на рати, со или без пресметка на камата.

Дали доведувањето на купувачот во
тесно, односно дознавањето дека треба да плати камата на основната цена дури на
каса, пред да го плати производот, не влијела на него да донесе одлука за
купување која не би ја донел во друг случај. Дали купувачот би го
однел на каса производот ако знаел дека ќе треба да плати дополнителна камата
ако го купи на рати со картичка. Трговецот има законска обврска да го информира
купувачот за цената или начинот на кој се пресметува цената.

Од приложената
фотографија се гледа дека на производот е истакната редовната цена, haPPy цената и haPPy цената до 48 рати
за купување со потрошувачки кредит со НЛБ банка. Како што се гледа, каматата со
вкупните трошоци (СВТ) за овој кредит е 16,73 отсто. Никаде не стои камата од 5
отсто или дека таа се наплаќа при купување на 5 рати со картичка. Очигледно е
дека купувачот кога го видел производот на рафот во продавницата не добил
соодветна информација од истакнатите цени за тоа колку треба да плати за него.

Во „Нептун“ објаснуваат дека камата
наплаќаат согласно стекнатата Дозвола за кредитори, односно Дозвола за
одобрување на давање на потрошувачки кредити од Министерството за економија со
број 25-4899/3 од 05.11.2014 година, согласно Законот за заштита на потрошувачи
при договори за потрошувачки кредити. Но, доколку „Нептун“ во овој случај
работел според овој закон, останува нејасно зошто трговското друштво, било да
се јавило во улога на кредитор или на кредитен посредник, на потрошувачот не му
доставило пред договорни информации или да му понуди да склучат договор за
потрошувачки кредит во писмена форма. Исто така, на потрошувачот не му било
презентирано ниту овластувањето на кредитниот посредник од кредиторот.

Како што веќе објавивме, откако потрошувачот побарал износот да го плати со
картичка и да му биде поделен на пет рати, на каса му била пресметана дополнителна
камата од 5 отсто. Со ова, купувачот двапати ќе плати камата, еднаш на „Нептун“
и втор пат на банката или финансиската институција која ја издала картичката.

Потоа од Нептун посочија дека откако потрошувачот побарал износот да го плати со
картичка и да му биде поделен на пет рати, на каса му била пресметана дополнителна
камата од 5 отсто. Со ова, купувачот двапати ќе плати камата, еднаш на „Нептун“
и втор пат на банката или финансиската институција која ја издала картичката.

Р.Ф.

Извор: https://faktor.mk/

Сефер Цаноски искрено за новата љубов, разводот, плановите за иднината: Се погледнавме во очи и се вљубивме!

во категорија Занимливости/Македонија од

Љубовта не избира место и време, таа едноставно се случува кога најмалку ја очекуваш – вака ја започнува својата љубовна исповест познатиот бизнисмен и сопственик на ФОН Универзитетот, Сефер Цаноски, кој деновиве е во центарот на вниманието на јавноста по обелоденувањето на љубовната врска со убавата турчинка Сезен Баш, но и по веста дека со сопругата Лејла, ќерка на бизнисменот Велија Рамковски ставиле крај на бракот. Продолжи да читаш

Тајната за китењето на новогодишната елка

во категорија Занимливости од

За некои најрадосен празник, за некои причина за хистерија и паника, а за многумина навика која ја носат од детството. Порано елките се носеле од шумите, свежи исечени, некогаш се купувале на пазарите, а денес најчесто се одлучуваме за некој пластичен примерок купен од Кинезите.

Продолжи да читаш

Каде што не очекуваш, тие таму слават Нова година

во категорија Занимливости од

Бакнеж на полноќ во Чернобил, топли прегратки во хотел од мраз, испраќање на 2017 од дворецот на Дракула, пречек на Новата година меѓу морскиот свет, здравица за најлудата ноќ на гробишта во Чиле, се само дел од нестереотипните начини на кои дел од жителите на Планетата ќе ја дочекаат новата 2018 година.

Продолжи да читаш

КОИ СЕ НАЈДОБРИТЕ ЗЕМЈИ ЗА ЖИВЕЕЊЕ?

во категорија Занимливости од

ОН неодамна го објавија годишниот извештај за хуман развој што опфаќа податоци за тоа каде луѓето живеат најдолго, каде најздраво – со други зборови, станува збор за земји што се најпогодни за живеење.

Продолжи да читаш

Како да пиете, а да не се опијаните и што ако претерате?

во категорија Занимливости од

Претераната консумација на алкохол доведува до тегоби, вртоглавица, мачнини. Главоболката е она што следува наредниот ден, а никој не е имун на зголемени дози алкохол.

Продолжи да читаш

Татко му го злоставувал, а двете сестри му починале

во категорија Занимливости од

Актерот Меколи Калкин кој сите го паметат по улогата во филмот „Сам дома“, е вистински пример колку е тенка линилата меѓу славата и пропаста. На прв поглед неговиот живот делувал идеално, но тоа воопшто не било така. Меколи преживеал неколку семејни трауми, а долгогодишната зависност од дрога само допринела за неговото тотално пијанство.

Продолжи да читаш

Оди на почеток