Блесна елката во Њујорк, украсена со 3 милиони кристали 

December 5, 2024
1 min read

 

И годинава во срцето на Њујорк блесна огромната елка пред Рокфелер центарот – традиција која трае повеќе од 90 години. Илјадници њујорчани, но и туристи, присуствуваа на традиционалното вклучување на светилките, а целиот настан беше придружен и со музички перформанс, каде свој настап имаа и Backstreet boys.

Инаку, годинешната елка, која беше исечена на 7-ми ноември, е дрво старо околу 70 години.

И оваа година е украсена со 3 милиони кристали, како и Swarovski ѕвезда на врвот која тежи 400 килограми. Сијаличките на елката ќе светат до средината на јануари,  од пет наутро до полноќ, додека за католичкиот Божиќ на 25 декември ќе светат 24 часа.

 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Брисел „Самит ЕУ-Западен Балкан“

Следно

Ѓорѓиевски: Корупцијата е рана на секое општество – нулта толеранција за корупција

Latest from Blog

Кубанците го откажаа годишниот фестивал на пури

Организацискиот комитет на Фестивалот дел Хабано објави дека овогодинешното издание, кое требаше да се одржи кон крајот на февруари, е откажано. Одлуката е донесена поради „сложената економска ситуација“ со која се соочува

Какво ќе биде времето утре и во следните денови?

Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северен и североисточен правец. Утринските температури ќе се движат од -1
Go toTop