Author

post

post has 11556 articles published.

Столтенберг: Црна Гора е цврст и сигурен сојузник

во категорија Регион од

Црна Гора во првата година од членството се покажа како многу цврст и сигурен сојузник, оценил генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Тој рекол дека Црна Гора има голема корист од тоа што седи на иста маса со останатите 28 земји-членки.

„Има корист од длабоката соработка со сојузниците кои претставуваат половина од светската економија и воена сила“, рекол Столтенберг во интервју за „Вијести“.

Навел дека колективната одбрана претставува најголем можен облик на гаранција за безбедноста и дека грчки и италијански борбени авиони отсега ќе го чуваат воздушниот простор над Црна Гора.

„Во случај на криза, Црна Гора знае дека 28-те пријатели ќе ѝ помогнат“, рекол Столтенберг.

извор: Makfax

Извор: https://vecer.mk

Вартоломеј и Јеронимос на средби со државниот врв за барањето на МПЦ

во категорија Регион од

Статусот на МПЦ една од главните теми на средбите кои Вселенскиот патријарх Вартоломеј денеска ги оствари со поглаварот на Грчката Православна Црква Јеронимос, претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос и премиерот Алексис Ципрас. Според грчките медиуми, на средбите било констатирано дека Вселенската патријаршија е задоволна од текот на преговорите со македонската црква.

Грчката ТВ ЕРТ пренесувајќи и дел од средбите и изјавите наведува дека „Патријаршијата го изразила задоволството од развојот на односите со црквата на ПЈРМ и дека изразува исто така задоволство околу барањето таа да влезе во семејството на останатите православни цркви под името Охридска Архиепископија според сите канонски правила“.

На средбата со Вартоломеј, Павлопулос рекол дека ја поддржуваат патријаршијата во сите чекори кои ќе ги преземе. „Ја поздравуваме и поддржуваме работата на Патријаршијата. Тука сме да да дадеме поддршка и за вашите иницијативи за одржлив развој и заштита на животната средина, како и за прашањата поврзани со црквата на ПЈРМ и автоќефалноста на црквата во Украина“, изјави грчкиот претседател Павлопулос.

По средбата се огласи и премиерот Ципрас.  „По средбата со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј ги поздравува(м) напорите на Патријаршијата за позитивно решавање на црковниот спор и разликите меѓу Грција и ПЈРМ“, порача грчкиот премиер.

Средбите на Вселенскиот патријарх Вартоломеј со архиепископот Јеронимус, со претседателот Павлопулос и со премиерот Ципрас, се одржуваат на само неколку дена по соопштението од Вселенската патријаршија дека „во рамките на надлежностите и прерогативите на Вселенскиот патријарх, ќе биде разгледано и ќе се преземе она што е потребно за враќање на црквата на Скопје во канонски рамки под името Охридска архиепископија“. Премиерот Зоран Заев минатата недела испрати писмо до Вселенската патријаршија со кое побарал помош околу конечно решавање на црковниот спор што постои од возобновување на Охридската архиепископија.

извор: Makfax

Извор: https://vecer.mk

Првата средба Трамп – Ким закажана за 12 јуни во Сингапур

во категорија Свет од

Првата средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ќе се одржи на 12 јуни во девет часот во Сингапур, соопштено е од Белата куќа.

– Нашиот тим во Сингапур завршува со подготовката и ќе остане таму сè додека средбата почне – изјави Сара Сандерс портпарол на Белата куќа.

Таа додаде дека Трамп ќе има секојдневни брифинзи за Северна Кореја до почетокот на средбата.

Извор: https://sitel.com.mk/

Словенија: Јанез Јанша е победник на изборите

во категорија Регион од

Јанез Јанша е победник на парламентарните избори во Словенија откако неговата Словенечка демократска партија (СДС) освои 25,02 отсто од гласовите, покажуваат резултатите од пребројани 99 отсто гласови.

На второ место е Листата на Марјан Шарец (ЛМШ) со 12,6 отсто гласови, а следуваат Социјалдемократите (СД) со 9,94 отсто гласови, Партијата на модерниот центар (СМЦ) со 9,74 отсто гласови, Левица со 9,23 отсто и демохристијанската Нова Словенија (НСИ) со 7,15 отсто освоени гласови.

Јанша, кому мандатот за состав на новата Влада ќе му го даде претседателот на државата Борут Пахор, изјавил дека ќе направи сè за да формира цврста и стабилна влада, но рекол и дека е свесен дека тоа е тешка задача. Како најголеми предизвици, поради кои не исклучува преговори со левичарските партии, Јанша ја навел потребата од промени во здравствениот систем и одговор на потенцијалната мигрантска криза, со порака дека е спремен да направи сè што е најдобро за Словенија, било од позиција на власт или на опозиција.

Иако го сметаат за губитник на изборите затоа што бројот на своите гласачи го свел на третина од изборите пред четири години, Миро Церар рекол дека неговата партија останува релевантен политички актер без кој не е можно да се замисли стабилна влада, но алудирал на тоа дека нема намера да коалицира со Јанша.

На парламентарните избори што се одржаа вчера гласаа само 51,72 отсто од вкупниот број гласачи, што е речиси еднакво на излезноста од пред четири години.

извор: Makfax

Извор: https://vecer.mk

Мистериозна пламена топка падна од небо: Мислеле дека се урнал авион, а кога тргнале во потрага следувал шок

во категорија Свет од

Локален фармер кој живее во близина на градот Отсдала на северозападот од Јужноафриканската републиак сподели снимка од безбедносна камера на која се гледа удар на метеорит во земјата.

Според неговите зборови во саботата во 18.49 часот по локално време, луѓето наводно виделе „светлина“ која паѓа од небото и на почетокот мислеле дека е во прашање пад на авион.

Фармерот рече дека сите отишле заедно да бараат, но набрзо потоа добиле снимки и виделе дека е во прашање метеорит.

Можно е истиот метеор да го „запали“ небото во Кина претходно во саботата навечер.

Имено, сведоците останале зачудени од заслепувачката светлија која набрзо примила форма на „пламена топка“ над кинеската провинција Јунан, а Опсерваторијата на Кинеската академија на науките соопшти дека во прашање  е метеор.

Корисниците на социјалните мрежи исто така го споменуваат метеоритот кој е открие и доби привремено име – ZLAF9B2 – кој, како што се исзвестува, влегол во атмосферата преку Боцвана.

Според зборовите на физичарите и радио астрономот на ВЛБИ, Маршал Еубанкс, ова е редок случај метеор да е откриен пред удар.

 

Извор: https://sitel.com.mk/

Ужасна исповед на преживеаните од ерупцијата на вулканот: Река од лава живи ги закопа, уништено цело село во огнената стихија

во категорија Свет од

Најмалку 25 лица загинаа, а стотици се повредени во страотната ерупција на вулкан во Гватемала.

Вулканот Фуего, кој се наоѓа на околу 40 км. југозападно од главниот град на Гватемала, исфрла камења, црн чад и пепел во небо.

Река од лава го погоди селото Ел Родео и уби неколку луѓе внатре во куќите. Главниот аеродором во главниот град на Гватемала е затворен.

Претседателот Џими Моралес прогласи тридневна национална жалост.

Serhio Kabanas, šef Nacionalne agencije za upravljanje katastrofama, rekao je da je lava promenila kurs prema selu El Rodeo.

„За жал, Ел Родео е загрозен и не успеавме да дојдеме до селото Ла Либертад поради лавата и можеби има и луѓе кои таму загинале“.

Меѓу загинатите има и деца.

Една жена која сведочеше за ужасот рече дека било страпно да се гледа таа глетка.

„Не побегнаа сите, мислам дека некои се живи закопани. Лавата се излеа низ полето со пленка. Побегнавме по ридот. Мислам дека има уште мртви“, рече таа.

Извор: https://sitel.com.mk/

Тепачка во селска кафеана: Добил ќотек, па со тракторот влетал во Ауди

во категорија Регион од

Полицијата поднесе кривична пријава против Југослав С. (41) заради предизвикување на општа опасност.

Во Нов Жеднику, во селската кафеана вербално се скарал со маж, а потоа и се претпоставува дека следел и физички конфликт. По тепачката, Југослав влегол во тракторот по што удрил во возило марка Ауди, по што се здобил со помали повреди, а на овој начин го повредел и С.Ц. (33).

Полицијата беше на лице место, а истрагата е во тек.

Извор: https://vecer.mk

Ова никој го нема видено претходно: Ѕиренете во раскошот во кој живее Ким Џонг – ун

во категорија Свет од

Тој за време на службената посета на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на Северна Кореа доби можност да ѕирне во домот на Ким Џонг – ун.

Точната локација на резиденцијата не е позната, освен тоа што се знае дека се наиѓа во близина на главниот град Пјонгјанг.

Фотографиите покажуваат модерно здание уредено во минималистички стил, опкружено со прекрасни градини, а се верува дека севернокорејскиот лидер поседува десетина недвижности во главниот град.

На една од фотографиите на приодот кон зградата е паркиран црн мерцедес.

Kurir.rs/24sata.hr

Извор: https://sitel.com.mk/

Алаѓозовски: Повлечени се 10 проекти од Годишната програма за култура

во категорија Култура од

„Во овој момент  комисиите ги разгледуваат и одлучуваат по однос на приговорите. Начинот на којшто ќе можеме да одговориме на приговорите ќе зависи од достапните средства што ќе ги имаме на располагање“, рече  Алаѓозовски, одговарајќи на новинарско прашање за проектите од Годишната програма за кои имаше реакции во јавноста и за кои беше побарана ревизија. 

Во однос на најавата на градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ за отстранување на четири споменици, министерот рече дека тоа е работа на општината и дека се работи за споменици од проектот Скопје 2014.

МИА

Извор:/www.mkd.mk/

Изложба на народни носии од Скопска Блатија и Скопска Црна Гора

во категорија Култура од

На отворањето, како што информираат од општина Бутел, настап ќе имаат КУД „Седенка“ и хорот и оркестарот на Здружението на пензионерите на општина Бутел.

Изложбата ќе биде отворена до 20 април годинава и на неа ќе бидат претставени околу триесетина народните носии на колекционерот Достана Караѓозовска Станковска, како и ракотворби на членовите на ЗУР Арти Крафт, инспирирани од народното богатство на Македонија. 

Извор:/www.mkd.mk/

Оди на почеток