Author

f.b. - 486 страна

f.b. has 4862 articles published.

Ахмети ексклузивно за “Post.mk“: Албанскиот јазик да се користи и во меѓународната комуникација

во категорија Македонија од

За лидерот на ДУИ, Али Ахмети законот за унапредување на употребата на јазиците не значи и затворање на прашањето за албанскиот јазик и Рамковниот договор.

Продолжи да читаш

Ниту еден од лидерите освен Ахмети, нe дојде на одбележувањето на Рамковниот

во категорија Македонија од

Со пораки дека Рамковниот договор е патот за унапредување на демократијата во мултиетничка Македонија, вчера вечер беше одбележана шеснаесетгодишнината од потпишувањето на документот, под покровителство на Секртаријатот за Рамковниот и Собранието.

Продолжи да читаш

Рамковниот ќе се слави без лидери

во категорија Македонија од

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети најверојатно ќе биде единствениот лидер кој ќе присуствува на одбележувањето на 16 годишнината од Рамковниот договор, во организација на Секретаријатот за спроведување на Рамковниот и Собранието, во скопскиот хотел „Александар Палас, донава Post.mk.

Продолжи да читаш

Манчевски ќе ги „чешла“ сите институции колку вработени има

во категорија Македонија од

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) ќе го проверува поединечно бројот на вработени во сите институции, откако било утврдено дека Регистарот на вработените во јавниот сектор не ја дава реалната бројка, соопшти министерот Дамјан Манчевски.

Продолжи да читаш

Зибери: Pамковниот договор не е обврска која временски е лимитирана

во категорија Видео вести/Македонија од

Насер Зибери, парвен експерт и директен учесник во преговорите за Рамковниот договор во 2001 година, од тогашна ПДП, цени дека 16 години по потпишувањето договорот го положил тестот на времето. Тој смета дека сеуште има обврски од документот кои не се затворени.

Продолжи да читаш

Интервју- Билал Касами: ДУИ 16 години се богатеше наместо да го спреведува Рамковниот договор

во категорија Видео вести/Македонија од

Рамковниот договор од една основа за градење на нова држава, се претвори во рамка која ги задуши меѓуетничките односи во Македонија и тој е неуспешен договор, смета Билал Касами, лидер на Движењето Беса.

Продолжи да читаш

Касами сака соработка со Тачи и Села за локалните ибори, но не и со Ахмети

во категорија Македонија од

Лидерот на Движењето Беса, Билал Касами за “Пост.мк” потврди дека за претстојните локални избори е подготвен за соработка со сите партии на Албанците, освен со ДУИ на Али Ахмети.  На тема соработка за локалните, Касами веќе се сретнал со лидерот на ДПА, Мендух Тачи, но на првиот состанок ништо конкретно не договорено. Покана за состанок веќе е испратена и до лидерот на ДР-ДПА, Зијадин Села.

Засега е неизвесно е дали ќе му успее на Касами да договори предизборна коалиција со Тачи и Села кој на 15 октомври ќе трча против ДУИ на Ахмети.

-Како што веќе знае јавноста, се сретнав со претседателот на ДПА, а за средба го поканив и претседателот на ДР-ДПА, Зијадин Села. Средбата заврши без некаков резултат, но комуникацијата продолжува. Ние како Движење Беса, би сакале да се сретнеме и со лидерот на ДР-ДПА, со цел да ги размениме нашите ставови. Максимално сме подготвени за соработка со сите партии на Албанците, освен со ДУИ, која ја сметаме за главен виновник за дискриминацијата и тешката состојба во која се наоѓаат Албанците во Македонија-ни ијави Касами.

Иако Беса е отворена за соработка за локалните избори, сепак како што вели Касами за тоа се потребни најмалку две страни.

-За секаков вид соработка, потребни се најмалку две страни. Како што реков ние сме подготвени за соработка, а тоа го покажавме и со последната одлука на Централното раководство, при што формиравме и Комисија за меѓупартиска соработка  за локалните избори-вели лидерот на Движењето Беса.

На локалните избори кои ќе се оддржат на 15 октомври, засега е неизвесно дали партиите на Албанците ќе  успеат да договорат предизборни коалиции. На последните локални избори во 2013 година, сите партии на Албанците сами влегоа во изборната трка, со исклучок на етничката соработка за Струга и за Кичево.

Заев: Со албанскиот јазик го затворивме Охридскиот договор

во категорија Македонија од

Рамковниот договор треба да остане една од визиите за заедничка иднина за сите, бидејќи кога одбележуваме 16 години од потпишувањето на документот, за кој се согласија сите треба да се вратиме на изворните принципи врз основа на кој тој беше постигнат, е пораката на Зоран Заев, премиер и лидер на СДСМ, една од партиите потписнички на договорот со кој се стави крај на конфликтот во 2001 година. Тој потенцира дека со законот за унапредувањето на употребата на јазиците, кој веќе е во собраниска процедура, формално правно се затвораат прашањата од Охридскиот договор.
Продолжи да читаш

(ВИДЕО) ЕКСКЛУЗИВНО ЗА POST.MK Хазби Лика: Поглавјето за Рамковен не се затвора пред да биде третирано пошироко

во категорија Видео вести/Македонија од

 

За да се даде оцена колку е спроведен Рамковниот договор ќе треба да се направи анализа во сите институции за да кажеме колку тој е имплементиран, но првите впечатоци од владеењето на новата Влада се добри, бидејќи таа покажа дека има волја за спроведување на документот. Ова e оцената на вицепремиерот за Рамковниот договор, Хазби Лика во ексклузивното интервју кое го даде за порталот “Пост.мк” на 16-годишнината од потпишувањето на документот.

Лика потенцира дека законот за унапредувањето на јазиците е хармонизиран според албанската Платформа, но и дека со законот не се затвора прашањето за албанскиот јазик.

-Овој закон е хармонизиран според албанската Платформа и се остварени чести средби, во однос на ставовите на албанските политички партии и како што се договориле тие, така и е составен предлог-законот, кој беше доставен до Собранието на Македонија. Од друга страна пак, не можеме да кажеме дека е рамноправен закон, бидејќи македонскиот јазик е дефиниран со Устав како јазик кој се користи на целата територија на земјава и јазик кој се користи за надворешна употреба. Со албанскиот јазик не е така, бидејќи тоа го нема одредено ниту во Уставот. За да има натамошни промени, Уставот треба да претрпи измени, за што треба 2/3 од гласовите, кои Владата во моментов ги нема. Во однос на тоа дали ова прашање е затворено или не, јас сметам дека немаме право ништо да затвораме, бидејќи станува збор за теми кои треба да се третираат пошироко и за кои треба да донесеме одлуки, кои ќе бидат поволни за натамошниот тек на процесот- рече Лика.

Вицепремиерот вети дека до јануари идната година 1.700 рамковно вработени конечно ќе бидат распределени на работни места. Ико временски не прецизира, Лика најави дека ќе се отвори дебата за промена на државните симболи-химната, грбот и знамето.

-Кога реков дека сме наследиле многу нешта, за жал кај нас сѐ уште се останати симболи или елементи од минатиот режим, зборувам за комунистичкиот, и тие остануваат исто така дел од нашите приоритети кои треба да бидат отворени како теми, треба да се разговараат и треба да се најде заеднички пат за тоа како ќе биде претставувана нашата држава на грбот и во химната. Јас мислам дека мора да се отворат овие теми и се надевам дека нема да се вратиме неколку години наназад кога се правеа еднострани понуди кои не ги претставуваа, не ги симболизираа сите кои ја сочинуваат државата. Јас мислам дека културите треба да се испреплетуваат во овие симболи и овие симболи да  да ја претстават мултиетничноста на Македонија во претставувањето како внатре, така и надвор од државата-смета Лика.

Вицепремиерот потврди дека прашањето за решавање на статусот на поранешните припадници на ОНА не било дел од преговорите за Влада, ниту е дел од владината програма, како ни од албанската Платформа. Лика се надева дека еден ден ќе се отвори прашањето за решавање на статусот на  таа категорија граѓани.

-Што се однесува на статусот на припадниците на ОНА и семејствата на паднатите борци, не сме ја отвориле оваа тема. Не велам дека ќе направиме нешто специјално во оваа насока, но мислам дека оние луѓе кои страдале за време на војната во 2001 година, се граѓани на Република Македонија и мислам дека доколку ние не ги третираме, тогаш не може да очекуваме да ги третира некој друг. Така што се надевам дека еден ден ќе се отвори и оваа тема каде ќе ги изнесеме објективните причини за тоа зошто треба да се направи нешто во таа насока, бидејќи на крај на краиштата, ако им сториме услуга на нив, тогаш сме им сториле услуга и на граѓаните на Република Македонија. Во меѓувреме, ние знаеме дека ОНА се бореше за одбрана на Македонија, а не за нејзина поделба. Има официјален документ во соопштението под реден број шест, а истовремено имаме и документ каде од другата страна ни се нуди да се направи поделба на Македонија и сметам дека ние освен војната која водевме за подобрување на нашите права, ние војувавме и за да ја зачуваме Македонија како држава-рече Лика.

Оди на почеток