Author

e-post - 603 страна

e-post has 7473 articles published.

44 поени на Вестбрук не беа доволни: Tимот на Оклахома поразен од Голден Стејт (Видео)

во категорија Спорт од

ras

Голден Стејт Вориорс во интересен натпревар на гости против тимот на Оклахома Сити Тандер победи со резултат од 111:107.

Кевин Дурант со 34 поени успеа да го потопи својот поранешен тим, а имаше помош од својот соиграч Клеј Томпсон кој додаде20 поени.

Во поразените Оклахома најдобар играч беше Расел Вестбрук кој одигра маестрална партија со постигнати 44 поени, 16 скокови и 6 асистенции. Сепак виновни за поразот на Оклахома се неефикасноста на Пол Џорџ и Кармело Ентони кои  заедно имаа учинок од 9 погодени шутеви од вкупно 35 упатени од поле.

Извор:https://derbi.mk/

Нови препукувања на двата огранока на Беса, Реџепи вели дека судскиот процес не е завршен

во категорија Македонија од

Билал Касами изјави дека Основен суд го легитимирал него како претседател на Движење Беса и неговото крило како легитимна партија. Касами истакна дека сите тие кои ќе зборуваат во името на партијата Беса во иднина ќе се соочуваат со правните мерки во согласност со законите на државата. Тој рече дека по конгресот одржан на 24 февруари, тие назначиле партиски тела за донесување одлуки и се убедени дека уште посилно ќе доминираат на политичката сцена.

„Основниот суд Скопје 2 донесе конечна одлука  која што ние многу пати сме ја повториле во нашите јавни настапи, дека Движење Беса е една партија и тоа сме ние. Со оваа одлука се отфрла неоснованото барање на другата неформална група, и со ова станува јасно дека партиските органи се избираат од нејзините членови. Сите поединци кои во иднина нема да се вратат во Движење Беса и ќе продолжат да го злоупотребуваат името на партијата, против нив ќе се преземат правни мерки во согласност со законите на државата“, истакна Касами.

Од крилото на Африм Гаши велат дека судскиот процес се уште не е завршен. Според Скендер Реџепи, Основниот Суд повторно ќе се произнесе бидејќи се очекува одлука од Управниот суд за фалсификување на документи.

Реџепи најави дека епилогот на обвинението од Јавното обвинителство кон, како што го нарече, Касами – фалсификаторот, се очекува да ја измени и одлуката на првостепениот суд. За Реџепи, ова е само уште една измама на Касами.

„За нас суштинско значење имаат фалсификуваните одлуки, фалсификуваните документи на 15 септември 2015 и 4 декември 2017 година. Тоа започна за време на третиот круг на локалните избори, со што тој ги фалсификуваше документите од централниот совет и ние сме убедени дека Управниот суд ќе ги прогласи за невалидни тие документи, и со тоа и целиот процес околу легитимноста на Движење Беса се враќа од 15 ноември наваму“, истакна Реџепи.

Движење Беса се подели во два табора во јануари оваа година. На 18 февруари една група одржа конгресот на кој за претседател беше избран Африм Гаши. По една недела и другата група на партијата одржа конгрес на кој за претседател беше избран Биљал Касами.

Извор http://tv21.tv/

(Видео) Пукање во седиштето на „Јутјуб“, познат идендитетот на осомничената за напдот

во категорија Свет од

Најмалку четири лица се повредени во пукањето во зградата на седиштето на „Јутјуб“ во калифорнискиот град Сан Бруно. Жената која е осомничена за нападот е мртва, објави „Си-ен-ен“. Началникот на полицијата на Сан Бруно, Ед Барберини, за новинарите изјави дека осомничената била пронајдена мртва, со прострелна рана од огнено оружје, што укажува на самоубоство.

Според информациите кои ги пренесоа американските медиуми, напаѓачката е идентификувана како 39-годишната, Насим Агдам, жителка на Сан Диего. Податоците покажуваат дека таа била активист и учествувала во протести за правата на животните. „За мене, правата на животните се еднакви на човековите права“, ја пренесуваат медиумите нејзината изјава од 2009 година.

Во нападот биле повредени четири лица, од кои тројца со прострелни рани и истите биле однесени во локалните болници.

Исмаил Агдам, татко на жената осомничена за вооружениот напад, изјавил оти таа била лута бидејќи компанијата престанала да плаќа за видеата што ги објавувала на интернет-платформата.

Тој додал дека ја предупредил полицијата дека неговата ќерка можеби ќе отиде во зградата на „Јутјуб“, бидејќи, едноставно ја мразела компанијата. Навел дека ќерката ја пријавил за исчезната во понеделникот бидејќи таа не одговорила на неговите телефонски повици претходините два дена.

Според сведочење кое го пренесе „Си-ен-ен“, жената пукала за време на ручекот на вработените и тоа кон определено лице, во градината на ресторанот за вработените во „Јутјуб“.

Белата куќа изјави дека претседателот на САД, Доналд Трамп бил информиран за нападот во седиштето на „Јутјуб“. Локална телевизија објави снимки што покажуваат како вработените со подигнати раце ја напуштаат зградата.

Познатата интернет платформа „Јутјуб“ е во сопственост на „Гугл“ од каде објавија дека соработуваат во истрагата за овој инцидент и дека подоцна ќе објават подетални информации. Инаку, во седиштето на „Јутјуб“ работат околу 1.700 луѓе.

извор: Makfax

Извор: http://vecer.mk/

44 поени на Вестбрук не беа доволни: Tимот на Оклахома поразена од Голден Стејт (Видео)

во категорија Спорт од

ras

Голден Стејт Вориорс во интересен натпревар на гости против тимот на Оклахома Сити Тандер победи со резултат од 111:107.

Кевин Дурант со 34 поени успеа да го потопи својот поранешен тим, а имаше помош од својот соиграч Клеј Томпсон кој додаде20 поени.

Во поразените Оклахома најдобар играч беше Расел Вестбрук кој одигра маестрална партија со постигнати 44 поени, 16 скокови и 6 асистенции. Сепак виновни за поразот на Оклахома се неефикасноста на Пол Џорџ и Кармело Ентони кои  заедно имаа учинок од 9 погодени шутеви од вкупно 35 упатени од поле.

Извор:https://derbi.mk/

Видео: Спектакуларен дочек на Путин во Анкара

во категорија Свет од

Рускиот претседател вчера пристигна во Анкара, каде се сретна со претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган.

Рускиот претседател во главниот град на Турција бил дочекан со величенствен пречек. На улиците биле извадени коњаници, а тука била и почесната гарда, која била построена пред двајцата претседатели.

Путин престојува во Анкара поради својата прва посета во некоја земја откако е повторно избран за претседател на изборите на 18. март.

Претседателот на Русија и турскиот претседател преку видео-линк дали езнак за почеток на изградба на атомска централа „Акују“.

Извор:http://press24.mk

Косовскиот министер за внатрешни работи поднесе оставка

во категорија Регион од

Министерот за внатрешни работи на Косово, Фламур Сефај  денеска поднесе оставка од фунцијата, како што претходно беше најавено.

Сефај го информирал Харадинај за деталите и неговата вмешаност во апењето и депортацијата на шесте турски државјани.

Во исто време, приштинските медиуми објавија дека косовскиот претседател Хашим Тачи е против разрешувањето на  директорот на Косовската разузнавачка служба Дритон Гаши.

Според косовските медиуми Тачи цврсто одлучил дека, доколку Гаши биде сменет, тој ќе отпушти неколку лица од Косовската разузнавачка служба.

Одлуката за смена на директорот на косовската разузнавачка агенција не може да биде уважена без потпис на Тачи.

Разрешување на Сефај и на Гаши беа побарано од косовски премиер Рамуш Харадинај поради нивната вмешаност во тајното апсење и депортацијата на шест турски граѓани во Косово, припадници на движењето ФАТО, предводено од верскиот водач во егзил Фетулах Ѓулен.

Извор http://press24.mk/

Путин зачуден од антируските потези на Западот

во категорија Свет од

Рускиот претседател Владимир Путин изрази зачуденост околу тоа колку бргу Западот ја обвини Русија во врска со труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Британија.

Путин на прес конференцијата во Анкара по разговорите со неговиот домаќин турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја спомна изјавата на шефот на британската воена лабораторија Гери Ејткенхед кој рече дека научниците не го утврдиле „прецизниот извор“ на нервниот гас „новичок“ кој беше употребен во труењето.

„Генералниот директор на лабораторијата Портон Даун, ова е 8 километри од каде што се случи овој инцидент, изјави во интервју за „Скај њуз“ дека вработените во неговата лабораторија не можат да ја утврдат земјата на потекло на оваа невропаралитична супстанција и не можат да ја идентификуваат земјата на потекло. Тие исто така не можат да речат дека оваа супстанца е произведена во Русија“.

Путин додаде дека имало околу 20 земји каде што биле направени такви супстанции.

Затоа, тој смета дека изјавата на Ејткинхед е доказ оти британските обвинувања за руската вмешаност во труењето, која доведе до протерување на над 150 руски дипломати, биле неосновани.

„Се разбира дека сме заинтересирани за целосна истрага, сакаме да бидеме дел од оваа истрага и сакаме пристап до релевантниот материјал, бидејќи ова е за граѓанин на Руската Федерација. Како што знаете, Руската истражна комисија започна кривична постапка, се разбира, ова ќе биде истражено“.

Тој изрази надеж дека извесно разјаснување на случајот ќе даде состанокот на Организацијата за забрана на хемиското оружје кој бил свикан по барање на Москва.

Инаку, Ејкенхед во интервјуто за „Скај њуз“ изјави дека напад со толку опасно хемиско оружје може да биде изведен само со капацитети од, како што рече, „државен актер“.

Во меѓувреме, Кремљ побара од Лондон да се извини поради тврдењата за поврзаноста на Русија со случајот Скрипал. Дмитри Песков кој е претставник за медиуми на претседателот Путин исто така изјави дека Лондон мора да положи сметки и пред сојузниците кои изразија солидарност со Британија во протерувањето руски дипломати.

Извор: https://www.slobodnaevropa.mk

Не собираат само болните пари за лекување: Гинекологија бара донации од граѓани

во категорија Македонија од
Клиниката за гинекологија и акушерство отвори донациски броеви на двата мобилни оператора, на кои граѓаните можат да донираат по сто денари за клиниката. На својата фејсбук-страница Клиниката објави фотографија на која објаснува дека броевите 143-476 на „Оне.вип“ и 143-333 на „Телеком“ се во рамки на донаторската кампања „Сите ние, пријатели на бебињата“.Многу клиники и болници се опремуваат преку донации. Главни донатори се поголемите компании, кои со вложување во заедницата покажуваат општествена одговорност. Во поретки случаи, позначајни донации во апаратура или опремување на простор во болниците дадоа и нашинци што живеат и работат во странство. За помали акции, за поединечни и конкретни цели, се ангажираа и граѓани и невладини организации. Но досега не било вообичаено државна или јавна институција да отвори телефонски линии за да донираат и физички лица.

Од Клиниката велат дека станува збор за истата кампања која почна на 17 ноември минатата година, на одбележувањето на Светскиот ден на предвреме родените деца.

– Сметаме дека овој начин на објава на кампањата е подостапен. Затоа и ги објавивме броевите на нашата страница. Сите ние како јавни институции имаме ограничени ресурси, а донациите ќе забрзаат да ги исполниме целите што сакаме да ги исполниме. Освен преку годишниот буџет, финансирањето на нашата институција е целосно легитимно и на други начини – велат од Клиниката за гинекологија.

На прашањето колку пари се собрани со оваа акција, од Клиниката велат дека за сумата ќе мора да го почекаат шестмесечниот извештај. Тогаш ќе се види колку пари собрале и што од потребните апарати ќе биде купено. Планирано е да се обноват креветчињата за бебињата и да се набават посебни грејачи за новороденчињата, пулсоксиметри, аспиратор за интензивната нега…

Лани, кога почна кампањата, „Пивара Скопје“ целосно го опреми одделението за интензивна нега каде што се згрижуваат мајките по породувањето.

Извор:https://nezavisen.mk/

Facebook суспендираше 273 профили и страници поврзани со руската агенција за лажни вести

во категорија Технологија од

Вчера Facebook објави дека се суспендирани 70 профили, 138 страници и 65 Instagram профили кои биле под контрола на Агенцијата за интернет истражувања од Русија.

Оваа вест беше соопштена од главниот офицер за безбедност на Facebook, Алекс Стамос, кој имаше доставено писмена изјава до медиумите. Покрај тоа, Facebook ги отстрани и сите реклами поврзани со овие профили и страници.

„Агенцијата за интернет истражувања (IRA) постојано користела лажни профили за да ги измами и да манипулира со луѓето. Затоа моравме да ја отстраниме секоја трага на оваа организација од нашата социјална мрежа, без разлика дали таа работи со САД, Русија, или било кој“, напиша Стамос.

Според Стамос, за да се пронајдат овие профили и страници биле потребни неколку месеци. Околу 95% од страниците таргетирале луѓе кои зборуваат и разбираат руски јазик, а скоро 1,08 милиони луѓе следеле барем една од страниците. Instagram профилите имале вкупно 493.000 следачи, а податоците кои ги собра Facebook велат дека овие профили потрошиле околу 167.000 американски долари за рекламирање од 2015 година па наваму. Некои од страниците и профилите кои биле под контрола на IRA се RuOpen, Politkach и Spicy Blogger, а Стамос вели дека тие биле отстранети поради поврзаноста со IRA, а не заради содржината која ја објавувале.

Марк Закерберг напиша дека оваа измена била направена за да се отстрани влијанието на страниците и профилите на IRA над луѓето кои живеат на руска територија, а не на оние страници кои можеби имале ефект над изборите во САД или било каде на друго место.

Извор:https://kajgana.com/gik

„Седевме на состанок, а потоа слушнавме пукање“ – сведоците на пукањето во зградата на Јутјуб раскажаа за инцидентот

во категорија Свет од

Том Шерман, менаџер на компанијата Јутјуб, раскажал што се случувало за време пукањето во седштетот на компанијата.

„Седевме на состоанок, а потоа слушнавме некоја врева по ходиниците. Помисливме дека е земјотрес. Започнаа пукотници, а гледав луѓе како трчаат. Сега сум затворен во соба со своите колеги“, напишал Шерман на Твитер.

Во еден момент слушнав како некој вели дека видел лице со пиштол.

„Погледнав надоле и здогледав крв на скалите. Некој спомена дека лицето пукало кон задните врати, а потоа се самоубило“, напишал тој.

Потоа како што вели, тргнал кон скалите и излезот. Судејќи според пораките на Твитер, Шерман е на безбедно.

Ќената која го предизвикала нападот е идентификувана како Насим Агдам. Според сведочењата кои ги пренесе Си-ен-ен жена пукала за време на ручекот и тоа кон одредена личност, во градината за вработените на Јутјуб.

Според неофицијалните информации жената пукала по кавга со момчето. Ранетиот е на возраст од 36 години.

Во нападот ранети се две жени на возраст од 32 и 26 години. Полицијата смета дека тие не биле цел на нападот и оти причина за пукањето е домашна расправија.

Од Белата куќа соопштија и дека претседателот Доналд Трамп е известен за инцидентот.

Извор:http://press24.mk

Оди на почеток