Author

e-post - page 1027

e-post has 10432 articles published.

(ВИДЕО) Димитров и Спасовски: На 30 септември да се потврдиме како генерација со историска одговорност

во категоријата Македонија

Заменик претседателот во Владата на РМ и министер за одбрана Оливер Спасовски и министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска на трибина во Прилеп, во организација на коалицијата „Излези за европска Македонија“ разговараа со граѓаните на општината за најважните аргументи зошто секој граѓанин на нашата земја има одговорност на 30 септември да го даде својот глас на референдумот за себе си, за своите деца и за иднината на Република Македонија.„Граѓаните 30 септември ќе го направат величествен ден за паметење. На тој ден, обединети на европскиот пат, гласот на граѓаните ќе биде глас за европска Македонија, членка на најмоќните сојузи ЕУ и НАТО. Гласот на секој граѓанин ќе биде глас за европски вредности и можности, глас за рамноправно место до граѓаните на ЕУ и НАТО, во заедници што гарантираат безбедност, сигурност и економски просперитет“, истакна Спасовски, и додаде дека одлуката на референдумот е одлука и за крај на штетните политики за граѓаните и за државата, и одлука за споделување на заедничките визии со сите останати граѓани на ЕУ.Спасовски потенцираше дека правото на граѓаните слободно да го дадат својот глас на престојаниот референдум е загарантираното.Министерот Никола Димитров истакна дека за прв пат во нашата историја ние, Македонците, сами одлучивме за нашата иднина на масата за преговори. Никој не одлучи во наше име, и затоа е многу важно таа одговорност да ја покажеме и на 3о септември.„Каква генерација ќе биде оваа нашата ако не ја продолжиме традицијата на нашите претходници од 1903, од 1941, од 1991, ако не ја преземеме историската одговорност, и ако не ја одредиме иднината на нашата земја во НАТО и ЕУ? Каква генерација ќе бидеме ние ако не има ја обезбедиме иднината на нашите деца, и ако низ отворената порти на НАТО и ЕУ, не влеземе горди и исправени како Македонки, Македонци, со јасен македонски идентитет и признаен македонски јазик?“, праша министерот Димитров и додаде дека гласот на секој граѓанин е глас за иднината на нашата земја во најмоќниот безбедносен сојуз – НАТО; и во најмоќната економска заедница, ЕУ.На трибината во Прилеп учествуваше и професорот на Факултетот за безбедност Никола д-р Дујовски кој нагласи дека со стартот на преговорите со ЕУ, кога ќе започне затворањето на поглавјата, во дури 35 од нив ќе бидат изедначени стандардите во Република Македонија со оние во ЕУ и тоа ќе значи еднакви услови за младите и за граѓаните на нашата земја со условите за граѓаните на ЕУ кога станува збор за пристап до образование, здравство, вработување и други погодности.„Хрватска само 5 години после приемот во НАТО стана членка на ЕУ. Тоа беше постигнато за толку кус период зашто сите земји членки на НАТО и на ЕУ, како солидарни партнери, го помогнаа зајакнувањето на капацитетите на Хрватска и го помогнаа нејзиното пристапување“, посочи професор Дујовски.Илија Јосифоски, градоначалникот на Општина Прилеп ги повика своите сограѓани на 30 септември да бидат горди граѓани на градот кои ќе ја преземат одговорноста за иднината на државата и за иднината на Прилеп.„Прилепчани, како и досега, нема да го пропуштат овој историски момент, и сво својот глас ќе учествуваат во исчекорот на Република Македонија за членство во ЕУ и НАТО“, истакна градоначалникот на Прилеп Јосифоски на трибината на коалицијата „Излези за европска Македонија“ што се одржа во Прилеп.(ВИДЕО) Димитров и Спасовски: На 30 септември да се потврдиме како генерација со историска одговорност was last modified: September 22nd, 2018 by Naum Lokoski

Извор:https://a1on.mk/

Google Feed ќе биде ребрендиран во Discover

во категоријата Технологија

Алгоритмите на Google се исклучително добри во предвидувањето на информациите што сакаме да ги најдеме на интернет и да ја оптимизираме работата колку повеќе ги користите. Компанијата пред една година одлучи да престане да го користи името на Google Now и официјално го достави Feed. Ова е персонализирана содржина во вашата сметка која ги прикажува најновите вести и временските прогнози во вашата област. Оваа функција сè уште не е достапна во сите земји.
Излезе дека Google веќе одлучи да го смени името на делот за вести и наместо „Feed“ во иднина ќе се вика „Discover“. Информациите се достапни на xda-програмери кои наоѓаат потврда за постоењето на ова име во кодот на официјалната апликација на компанијата. Неколку скриншотови се појавија дури и на интернет, што понатаму укажуваат дека Google Feed наскоро ќе биде преименуван во Discover. Фотографиите, исто така, го покажуваат новото лого на Google Discover.
Симболот ги задржува карактеристичните четири бои на логото на Google и неговата форма наликува на ѕвезда. Некои корисници дури добиле и известувања кои бараат од нив да ги тестираат сами способностите на Discover. На компанијата и треба повеќе време за тестирање, пред да им дозволи на сите да го користат Discover во нивните сметки. Сепак, тешко дека ќе мораме да чекаме премногу долго, а премиерата веројатно ќе се случи за неколку недели.

Извор: https://usb.mk/

Лоренцо најбрз во Арагон, Роси ја доживеа најголемата катастрофа во последните 12 години

во категоријата Спорт

horge-motorland

Квалификациите за Големата нагада на Арагон имаа еден навистина чуден тек, не само поради тоа што Марк Маркез не можеше да го следи темпото на Дукати, туку и поради катастрофата која ја доживеа Јамаха, а пред се Валентино Роси.

Марк Маркез беше најбрз на вчерашните тренинзи и се очекуваше да ја прекине доминацијата на Дукати, но работите се променија ова попладне и возачите на италијанскиот тим повторно беа најбрзи на Моторленд патеката во Шпанија. Хорхе Лоренцо во својот последен обид ја доби битката со својот тимски колега и се избори за пол-позиција, а покрај Италијанецот, првиот стартен ред го комплетира Маркез.

Во вториот утре ќе ги видиме Крачлоу, Јаноне и Педроса, а меѓу првит десет место изборија уште Петручи, Баутиста, Ринс и Накагами. Јамаха имаше уште едни ужасни перформанси на квалификациите и Маверик Вињалес имаше 11-то најдобро време, додека уште полош беше Роси кој утре ќе стартува дури 18-ти, што во превод е најлош резултат за него во последните 12 години, или поточно од трката во Асен во 2006 година.

Извор: https://derbi.mk/

ИД ја презеде одговорноста за нападот во Иран

во категоријата Свет

Исламска држава ја презеде одговорноста за денешниот напад извршен за време на воена парада во Иран, при што загинаа најмалку 24 луѓе, а 53 се повредени.
– Борците на ИД ја нападнаа воената парада во градот Ахваз, се наведува во соопштението на џихадистичката група.
Според локалните медиуми, двајца напаѓачи, кои биле зад бината почнале да пукаат кон учесниците и гледачите на парадата. Потоа се обиделе да пукаат кон личностите кои биле на сцената, но тогаш биле неутрализирани од силите на редот.
Иранските медиуми наведуваат дека најверојатно напаѓачите се повредени.
– Голем број цивили, меѓу кои и жени и деца кои дошле да ја гледаат парадата се меѓу жртвите на нападот, објави државната новинска агенција ИРНА, повикувајќи се на неименуван функционер.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Извор: https://1tv.mk/

На полноќ завршува пријавувањето на болните и инвалидизирани лица за гласање дома

во категоријата Македонија

Во Општинската изборна комисија (ОИК) – Штип денеска до пладне се пријавиле вкупно 15 болни и инвалидизирани лица да гласаат дома, еден ден пред Референдумот 2018.
Претседателката на Општинската изборна комисија – Штип Сенка Андреева вели дека просториите на ОИК вчерва се отворени до полноќ, кога истекува и рокот за пријавување. Таа додаде дека ова не се конечните бројки на пријавени лица, а в понеделник ќе ја знаат и официјалната бројка на болни и инвалидизирани лица кои своето право на глас ќе го искористат на 29 септември.
– Во текот на денот очекуваме да ни пристигне и недоверливиот избирачки материјал, а 48 часа пред Референдумот ќе го добиеме и доверливиот материјал. Завршија и обуките за членовите на избрачките одбори, рече Андреева.
Таа истакна дека во Штип има вкупно 77 избирачки места, кои на денот на Референдумот ќе бидат отворени во 7 часот, а затворени во 19 часот.
(Миа)

Извор: https://sitel.com.mk

Италијанската актерка Клаудија Кардинале пристигна во Битола

во категоријата Македонија

Битола, 22 септември 2018 (-) – Во пресрет на вечерашното свеченото отворање на 39. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, во Битола пристигна ѕвездата на годинашното издание, легендарната актерка Клаудија Кардинале.
Таа во Битола допатува со својата ќерка, а гостите ги пречекаа директорката на фестивалот, Гена Теодосиевска и уметничкиот директор, Благоја Куновски – Доре.
Клаудија Кардинале вечерва ќе прошета по црвениот тепих до Центарот за култура, каде свечено ќе и биде врачена наградата „Златна камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност.
Во Битола синоќа пристигна и Роџер Дикинс, лауреатот на Златната камера 300 за животно дело, кој во Битола дојде со сопругата Изабела. мт/мд/15:20
###

Извор:https://www.mia.mk

Лоренцо најбрз во квалификациите во Арагон, ново разочарување на Роси

во категоријата Спорт

Хорхе Лоренцо ќе стартува од првата позиција на утрешната трка во Мото ГП шампионатот која се вози во шпански Арагон. 
Возачот на Дукати имаше одличен настап на денешните квалификации и во самиот финиш уште да забележи најдобро време и да ги остави зад себе Андреа Довициозо и Марк Маркез, кои на утрешната трка ќе му прават друштво во првиот ред. 
Here’s the grid for tomorrow’s #MotoGP race at MotorLand
@[email protected]@marcmarquez93 #AragonGP pic.twitter.com/sg9tbYFSwo
— MotoGP (@MotoGP) September 22, 2018
Легендарниот Валентино Роси повторно ги разочара своите фанови, откако забележа срамно 18. време. Пред утрешната трка лидер сè уште е Марк Маркез со 212 бода, на второто место е Довициозо со 67 бода помалку од Шпанецот, додека трет е Роси со 140 бода. 

Извор: https://www.gol.mk/

ВИДЕО: ИД ја презеде одговорноста за нападот во Иран

во категоријата Свет

Исламска држава ја презеде одговорноста за денешниот напад извршен за време на воена парада во Иран, при што загинаа најмалку 24 луѓе, а 53 се повредени.UPDATELive video captures the moment of #Ahvaz terrorist shooting https://t.co/qKmmEkyclu#IranMilitaryParade pic.twitter.com/KmpfvnbOGx— Press TV (@PressTV) September 22, 2018– Борците на ИД ја нападнаа воената парада во градот Ахваз, се наведува во соопштението на џихадистичката група.Според локалните медиуми, двајца напаѓачи, кои биле зад бината почнале да пукаат кон учесниците и гледачите на парадата. Потоа се обиделе да пукаат кон личностите кои биле на сцената, но тогаш биле неутрализирани од силите на редот.Иранските медиуми наведуваат дека најверојатно напаѓачите се повредени.– Голем број цивили, меѓу кои и жени и деца кои дошле да ја гледаат парадата се меѓу жртвите на нападот, објави државната новинска агенција ИРНА, повикувајќи се на неименуван функционер.ВИДЕО: ИД ја презеде одговорноста за нападот во Иран was last modified: September 22nd, 2018 by Naum Lokoski

Извор: https://a1on.mk/

(ВИДЕО) Шилегов: Скопје има можности за комбиниран вело-железнички јавен превоз

во категоријата Македонија

Градот Скопје во соработка со Македонски железници – Транспорт, Македонски железници – Инфраструктура, здружението „Прв до врв“ и граѓанската иницијатива „На точак“ денеска ја промовира идејата за комбинирање на велосипедскиот и железничкиот сообраќај во иднина. Неколкумина велосипедисти со своите велосипеди се качија во воз на железничката станица во Лисиче и се возеа до железничката станица во Ѓорче Петров, за потоа да продолжат да возат на велосипед по градските улици до улицата Димитрие Чуповски која што беше затворена за моторен сообраќај и на која се организираше вело-кафе и дружење на улица. Промоцијата на идејата за комбинирање на железницата со велосипедскиот сообраќај беше дел од активностите на Град Скопје на последниот ден од одбележувањето на Европската недела на мобилност 2018.– Денеска, по иницијатива на здруженијата „Прв до врв“ и „На точак“ ја презентираме идејата дека низ Скопје може да се движиме на различни начини. Впрочем, во мојата предизборна кампања ја промовирав идејата во иднина да може да формираме градски воз, а денешниот настан е мала демонстрација на таа можност. Од Лисиче до главната железничка станица во центарот на градот возот стигна за четири минути, а потоа ќе продолжи со своето движење до Ѓорче Петров. Значи, како алтернатива, би можеле во Лисиче да влеземе во воз со велосипед и за четири минути да бидеме во центар и да го продолжиме своето движење со велосипед до саканата дестинација – рече денеска градоначалникот Шилегов.Шилегов нагласи дека Градот Скопје претендира да биде град со алтернативни можности за транспорт, како што е сега во Берлин, Амстердам и во други европски градови.– Во постапката за набавка на нови градски автобуси која што е во тек предвидуваме автобусите да имаат држачи за велосипеди, за да им овозможиме на граѓаните да имаат повеќе алтернативи во своето движење. Сериозно инвестираме во изградба на велосипедски патеки, наскоро ќе ги промовираме седумте нови рути. Се реконструираат и поголем број улици и булевари зашто скопјани заслужуваат да имаат безбеден сообраќај и добар јавен превоз. Сакам да се заблагодарам на Македонски железници кои овозможија да се изведе оваа демонстрација на алтернативно движење со воз и велосипед. Во периодот што следи ќе се обидеме да ги ревитализираме постојните осум железнички станици во Скопје за тие да бидат подостапни до нашите граѓани, за во иднина да можат што помасовно да го користат овој начин на превоз – потенцира Шилегов.Оваа година, тема на Европската недела на мобилност беше „Комбинирај и движи се“, со цел да се испрати силна порака за користење на алтернативните видови транспорт и за комбинирање на одржливите начини на превоз до саканата дестинација. Градот Скопје во текот на изминатите седум дена за граѓаните понуди најразлични активности поврзани со одржливата мобилност и отвори квалитетна дебата за иднината на градскиот превоз.Во одбележувањето на Европската недела на мобилност 2018 се вклучија повеќе од 2.500 градови во Европа и во светот.(ВИДЕО) Шилегов: Скопје има можности за комбиниран вело-железнички јавен превоз was last modified: September 22nd, 2018 by Naum Lokoski

Извор:https://a1on.mk/

Бартон го потцени квалитетот на Нејмар и го „закопа“ со брутална споредба

во категоријата Спорт

joi-barton-flitvud

Џои Бартон во овој момент работи како менаџер на Флитвуд Таун и постојано ги следи сите случувња во светскиот фудбал, исто како и во времето кога важеше за еден од најконтроверзните и најексцетрични играчи во фудбалот.

Незаборавниот играч за врска беше препознатлив по својата пргавост и бескомпромисност на теренот, а неговиот темперамент знаеше да го одведе и ниво погоре, односно да изрежира брутален старт и да влезе во конфронтација со противничките играчи.

Една од највпечатливите страни на Бартон додека активно играше фудбал беше тоа што секогаш говореше отворено без влакна на јазикот, а истиот принцип го применува и во тренерските води, последно за да му одржи лекција на Нејмар. Менаџерот на Флитвуд направи анализа за изданието кое го имаше Бразилецот против Ливерпул во Лигата на шампионите, а најнеобична е споредбата која ја направи за најголемата ѕвезда на ПСЖ.

– Нејмар не е најдобар играч во светот, го видовме тоа во Русија, го видовме тоа и во Ливерпул. Тој не е на нивото на кое играа Роналдо и Меси, а исто така има уште многу играчи кои се пред него на листата. Не би рекол дека Нејмар е фудбалски феномен, тој за мене повеќе е рекламен феномен. Добар е за правење реклами, како Кардашијанови. Нејмар е фудбалски Ким Кардашијан, – потенцира Бартон во изјава за „Лекип“.

Извор: https://derbi.mk/

оди на почеток