Apple ја зголеми наградата за хакирање на iPhone на милион долари

во категоријата Технологија

Компанијата Apple ја прошири својата програма наменета за откривање багови и ја зголеми наградата за оние кои ќе докажат дека можат да хакираат уред со iOS или macOS.

Apple ја покрена програмата во 2016. година и нудеше награди до 200.000 долари за оние кои ќе пронајдат ранливости на iOS уредите, кои би можеле да им овозможат на хакерите да добијат целосна контрола над уредот без никаква интеракција на корисникот.

Во текот на конференцијата Black Hat во Лас Вегас, шефот на сигурноста на Apple најави значајни промени на програмата и зголемување на наградата на 1.000.000 долари. Програмата се шири на сите платформи на Apple, iOS, iCloud, tvOS, iPadOS, watchOS i macOS.

Награден ќе биде само оној што ќе успее да добие полна контрола над уредот, а при тоа корисникот ништо да не допира.

Достапни се и „помали” награди до 500.000 долари. Тие награди се однесуваат на откривање други типови ранливост како што е заобиколување на заклучениот екран на iPhone без физилки пристап до уредот, кој на хакерот би му донел 100.000 долари.

Apple ќе нуди и бонус од 50 отсто за секој баг пронајден во бета верзиите на софтверот.

 

ИЗВОР: https://usb.mk