Apple патентираше целосно стаклен iPhone

во категоријата Технологија

Долгогодишниот сон на дизајнерите на Apple на чело со Jony Ive е да направат iPhone, кој би изгледал како едноставно парче стакло. На таквиот идеален уред не би имало физички копчиња, отвори, премини меѓу различни материјали и слични “пречки” во елегантниот надворешен изглед. Но, за тој сон да може да се оствари, потребно е стаклото да се направи доволно добар структурален материјал, од кој може да се изработи целото куќиште на телефонот – а токму тоа е всушност она што Apple пробува да го заштити со најновата патентна пријава.
Американската патентна канцеларија објави патент на Apple, кој компанијата го предаде во септември минатата година, се однесува на “електронски уреди со стаклени структурални елементи”. Фотографиите и текстот на пријавата опишуваат целосно стаклен смартфон. Неговото куќиште би било изработено од свиткано стакло, во рамки на кој би бил сместен свитлив екран, додека сите останати електронски делови на некои од предложените начини се прицврстени за куќиштето.

Apple освен концептот на куќиштето, прикажа и разни начини на негово спојување со другите компоненти, па во случај на ваков уред, стаклото би ја преземало улогата на структурален елемент и целосно би ги заменил металните легури кои досега се користеа како основа на куќиштето.
Сепак, фактот дека Apple предава патент за некоја технологија не значи дека нужно ќе ја вгради во своите уреди. Сепак, интересно е да се види во која насока размислуваат и како иделаниот дизајн на iPhone би можел да изгледа во иднина.
 

Извор: https://usb.mk/