Alcatel го претстави смартфонот Onyx по цена од 120 долари (ВИДЕО)

во категоријата Технологија

Компаниите Alcatel и Cricket Wireless заедно го претставија смартфонот Onyx, кој донесува голем екран и две камери на задната страна, и сето тоа по многу прифатлива цена.
Alcatel Onyx беше најавен за време на саемот Consumer Electric Show, а е наменет за оние корисници кои сакаат да имаат солиден телефон, но располагаат со ограничен буџет. Тој доби 5,5-инчен HD+ екран со резолуција 1.440 х 720, направен од Dragontrail стакло чија цврстина е еднаква на стаклото Gorilla Glass 4.
Над екранот е сместена селфи камера од 5 мегапиксели која ја поддржува Alcatel Face Key технологијата за препознавање на лица. Face Key работи на тој начин што ја користи предната камера за да провери 100 индивидуални точки на лицето на корисникот за да го потврди неговиот идентитет.

На задната страна од Alcatel Onyx се наоѓаат две камери – една од 13 и друга од 2 мегапиксели, како и сензор за отпечаток од прст.
Onyx користи quad-core процесор од моделот MediaTek MT5739, има 2GB RAM и 32GB внатрешна меморија. Работи на оперативен систем Android 8.1 Oreo, а неговата батерија од 3.000 mAh е повеќе од доволно моќна за да ги издржи сите ваши дневни потреби.

Овој смартфон е достапен ексклузивно преку компанијата Cricket Wireless по цена од 119,99 долари.
Извор: Klix.ba

Извор: https://usb.mk/