AФАД: Бројот на загинати во разорните земјотреси во јужна Туркије порасна на 47.975

1 min read

Бројот на загинати во разорните земјотреси што ја погодија Туркије се искачи на 47.975, соопшти Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби на Туркије (АФАД), пренесува Анадолу.

На 6 февруари, земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени по Рихтеровата скала погодија 11 турски области – Адана, Адијаман, Дијарбакир, Елазиг, Хатај, Газиантеп, Кахраманмараш, Килис, Малатија, Османије и Шанлиурфа.

Над 13 милиони луѓе во Туркије се погодени од земјотресите, и многу луѓе во северозападна Сирија.

Јунус Сезер, претседател на АФАД, нагласи дека околу 1,8 милиони лица се сместени во шатори, градови со контејнери и куќи за гости во регионот.

Според него, во зоните погодени од земјотресите се поставени вкупно 332 шаторски градови, додека досега таму се поставени 414.323 шатори.

Сезер нагласи вкупно 935.722 лица од земјотресот се евакуирани од погодениот регион. Исто така, околу 273.000 лица се сместени во куќи за гости, хотели и студентски домови во други области.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Министерот за култура на Бугарија ќе диригира со Софиската филхармонија во Скопје

Следно

На доделување на новинарски награди во Авганистан експлодира бомба – едно лице загина

Latest from Blog