24 тема: “Одложено“ родителство, причини и последици

December 7, 2024
1 min read

Наталитетот на Македонија паѓа, додека просечната возраст на мајките – родилки се зголемува.  Во 2023 та имало 16 737 живородени деца, а просечната возраст на мајките се приближи кон 30 години. Во споредба со 2013, бројот на живородени се намалил за повеќе од 6000 додека просечната возраст на родилките била 28 години. 

Желбата за лична слобода и трката по финансиска независност и кариера, се повеќе го одложуваат родителство, велат и психолозите и гинеколозите. 

Методата ин витро станува се поприменета во земјава и не само од парови поради медицински причини. Лани Фондот за здравствено осигурување одвои повеќе од 1,5 милион евра за ин витро процедури, а проценката на експертите е дека годишно има минимум 3000 ин витро постапки и во јавното и во прватното здравство. 

Современиот животен стил целосно го промени коцептот на родителство , вели психологот Цветанка Бурзевска. 

Податоците за трајното иселување на наталитетно население од земјава се плаќа со намалување на борјот на новородени. Методата на ин витро има незначен удел за демографијата, но голем за оние кои сакаа принова. 

Проф. Доктор Глигор Димитров вели дека медицината направи отчукувањето на биолошкиот часовник веќе да не е ограничување. Желба за образование, кариерен напредок, патувања, немање на соодветен партнер се само едни од личните причини за одложено родителство.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Емине Ердоган на Доха Форумот 2024: Случувањата во Газа можеме да ги дефинираме како постмодерен холокауст

Следно

ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО: Поради магла намалена видливост до 20 метри на патот Тетово-Попова Шапка

Latest from Blog

НАД МИЛИОН ЛУЃЕ НА ПОГРЕБОТ НА САИФ АЛ ИСЛАМ ГАДАФИ, силен одговор против насилството и “арапската пролет“ (ФОТО)

Повеќе од 1.000.000 луѓе присуствуваа на погребот на Саиф ал-Ислам Гадафи, син на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, мавтајќи со зелени знамиња, симбол на владеењето на неговиот татко, објави „Ле Фигаро“. Саиф

Петрушевски: Додека Апасиев го плаќаа од СЈО, ги величеше. Кога чешмата секна, почна да ги плука.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, преку објава на социјалните мрежи остро реагираше на мемето што го објави лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, обвинувајќи го за популизам, лицемерие и злоупотреба на

Коњановски со битолските ловци на традиционална ловечка забава

На покана на Здружението за ловци „СОКОЛ“ – Битола, под мотото „ЗАЕДНО ЗА ТРАДИЦИЈА“, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на ловечката забава организирана од здружението. Настанот помина во духот на

Трамп и конфликтот со Европа: ЗАД СЕ СТОИ ТАЈНИОТ АРХИТЕКТ НА НОВАТА АМЕРИКАНСКА ПОЛИТИКА

Веројатно никогаш не сте слушнале за Енди Бејкер. Но, тој е водечкиот интелектуалец во Советот за национална безбедност (НСЦ) чии потези би можеле да ја одредат иднината на надворешната политика на Републиканската
Go toTop